Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите членови на Судскиот совет да поднесат оставки – бара Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

0
By Ана Василевска on May 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 10, 2023 14:11

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска соопшти дека Судскиот совет ја изгуби легитимноста да биде тело кое ќе ја штити судската независност и бара од актуелните членови на Судскиот Совет да поднесат оставки и да овозможат формирање на друг состав на Советот.

„Веќе втора недела јавноста сведочи како Судскиот совет континуирано отстапува од Законот за Судскиот совет и од стандардите за транспарентно и отчетно работење на оваа институција. На 26 април 2023 година, Судскиот совет  спротивно на Деловникот за работа вметна точка во веќе изгласаниот дневен ред, по што одлучуваше за разрешување на претседателот на Судскиот совет без да ги почитува правилата предвидени во Законот кои се однесуваат на потребното мнозинство за избор, како и на одредбите кои ја уредуваат дисциплинската постапка во рамки на која единствено може да се утврди несоодветно постапување на член на Советот, вклучително и претседателот, се вели во соопштението на Платформата.

Оттаму потсетуваат дека на 4 мај 2023 година Судскиот совет соопштил оти е закажана седница само 15 минути пред нејзиниот почеток, а истиот ден извести дека во меѓувреме се оствариле две седници со исклучена јавност. Ова, според Платформата, е направено надвор од законските основи за исклучување на јавноста, како и без следење на процедурите за исклучување и без образложение за причините за истото.

„На јавната седница не беа усвоени записници од претходните седници, ниту беше реферирано што се случувало на седниците на кои јавноста беше незаконски оневозможена да присуствува, туку Советот продолжи со избор на нов претседател како јавноста веќе да е запознаена со сѐ што се случувало претходно на нејавните седници“, потенцираат во соопштението.

Како што појаснуваат, на овие нејавни седници, според соопштенијата објавени на веб страната дури откако беше завршена јавната седница од 4 мај, била повлечена одлуката за разрешување на претседателот, иако Законот не предвидува можност за повлекување на донесени одлуки на Советот, но исто така е направено повторно разрешување, повторно надвор од каква било законски предвидена процедура.

-На 9 мај Судскиот совет одлучи да ги отстрани камерите од просторијата каде се одржува седницата, што е прв пат во работата на Советот да се отстранат камерите на новинарските екипи, а исто така е сторено во многу специфичен момент, односно откако се случија сите претходни отстапувања од Законот и Деловникот за работа. Ова за жал е дополнително намалување на транспарентноста на Советот, а воедно говори во насока на тоа дека членовите на Советот ја гледаат транспарентноста и јавноста на нивното работење како главна причина за состојбите, а не нивното сопствено незаконско постапување, велат од Платформата.

Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

ВЕСТИ June 11, 2026

Бугарски медиуми објавија дека во најновиот извештај на Европскиот парламент за Северна Македонија се повикува…

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.