Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филхармонија треба да црвенее за жолтите ленти

0
By Соња Крамарска on May 12, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 12, 2023 14:26

СОЊА КРАМАРСКА

Македонска филхармонија – институција која треба да зрачи со највозвишениот облик на музичката уметност, денеска изненади. За еден банален проблем, реши на своите уметници да им врзе жолти ленти на ракавите во знак на протест што Министерството за култура одлучило таму привремено да го смести и џез оркестарот. Жолтите ленти синоќа можеа да ги видат посетителите на филхармонискиот концерт, а нашите филхармоничари успеаја во овој конфликт да го вмешаат и диригентот Џорџ Џексон од Англија кој диригираше на синоќешниот перформанс.

Не верувам дека овој диригент кој слетал од далечниот остров за само една вечер да им приреди уживање на љубителите на овој вид на музика, има толку голем увид во конфликтот меѓу Фихармонија, џез оркестарот и Министерството, за и тој да се придружи на овој драстичен чекор. Веројатно дента пред концертот наместо да го прошетаат низ Старата скопска чаршија и да го нагостат со убавата македонска храна, домаќините го седнале и со часови го тормозеле за нивната „зла судбина“ што мораат да ги делат просториите со џез музичари. Како да им побарале таму да се всели Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ а не колеги музичари чија музика исто така му припаѓа на префинет правец во музиката.

Сите знаеме што значат жолтите ленти и на кое време му припаѓаат. И кој ги врзувал и кому. И каква оцена дадoa за тоа светот и историјата. Овој тажен спомен во историјата на човештвото никако не може да се користи сега во вулгарни метафорични намени кои му ги дала Македонската филхармонија. Тоа е навистина шокантен начин да се изрази незадоволство од потег на државна институција макар што и тоа незадоволство е посебна тема за која пишувавме.

Белким не сака Филхармонија да каже дека Министерството со својата одлука ги третира филхармоничарите како што беа третирани луѓето кои во историјата мораа да носат жолти ленти? Ако е така, јас мислам дека такви ленти треба да си врзат џезерите како манифестација на односот што го има кон нив Филхармонија.

И покрај канонадата на соопштенија од Филхармонија, музичката и културната јавност се уште не доби цврсти аргументи зошто се противат на вселување на џезерите. Можеби Филхармонија е и во право, но целата оваа сага во јавноста изгледа крајно грдо за оваа културна институција од која се очекува смиреност, одмереност и пред се солидарност со колеги од друга музичка гранка кои во овој момент немаат соодветни простории за работа. Во светот веќе наголемо се врши мешање на музичките стилови и правци, со кое се добиваат врвни уметнички дела, музички композиции и перформанси кои ги полнат салите со публика, а во Скопје една минијатурна филхармонија цела пролет ја помина во смислување изговори и напади против Министерството за култура и Националниот џез оркестар. На своја штета секако и на штета на замрената уметничка и културна сцена во државата.

————————————————————————————————————————————————

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. 

 

жолти ленти Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.