НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет членови на претседателството го напуштија ДУИ, партијата жали за нивната одлука

0
By Marta Pesevska on May 20, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ДУИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централното претседателство на ДУИ изразува длабоко жалење за одлуката на петтемина членови на претседателството на партијата за самоотстранување од Централното претседателство на ДУИ, одлука што ја донеле на состанокот на Централниот комитет на 1 април годинава, стои во соопштението од Мала Речица.

Во партиското соопштение се наведува дека Централното претседателство, ја официјализира одлуката за претсоен изборен процес во ограноците на ДУИ што ќе се одржи на 2 јули.

-Овие избори во ограноците на ДУИ, кои ќе се одржат по принципот „еден член“ еден глас, ќе послужат како платформа за колективно одлучување и дополнително ќе ги зајакнат демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија. Демократската унија за интеграција продолжува да работи за напредок, единство и непоколеблива посветеност на принципите кои не водеа во текот на досегашното патување, се вели во соопштението.

Од ДУИ истакнуваат дека Централното претседателство констатирајќи врз основа на веродостојни анализи и информации дека во нашиот регион се создава нова динамика како единствена можност за забрзан пат за интеграција на земјата во Европската унија, ја нагласува неопходноста од исполнување на нашите обврски како држава, преку уставни измени кои, како што наведуваат во соопштението „ќе ни овозможат да го доловиме овој историски момент и да обезбедиме европска иднина на нашата земја“.

-Силно веруваме дека искористувајќи ги сегашните можности, ќе продолжиме да ја водиме нашата земја, заедно со коалициските партнери, кон европската интеграција за да обезбедиме посветла иднина, стабилност, благосостојба и просперитет за сите граѓани, велат од  Демократската унија за интеграција.

ДУИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.