НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СИРИЗА загуби речиси 600.000 гласови во споредба со изборите во 2019 година

0
By Соња Крамарска on May 22, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчките левичарски партии СИРИЗА и МЕРА 25 се големите губитници на вчерашните избори, со намален број гласови во споредба со последните избори пред четири години, додека пак останатите партии Нова демократија, ПАСОК- Движење на промена, Комунистичката партија и Грчко решение се со зголемена поддршка од граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.

Доколку се направи анализа на официјалните резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција и се споредат со оние од парламентарните избори во 2019 година, СИРИЗА изгубила 598.503 гласа, а Нова демократија добила 152.300 повеќе, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, со пребројани 99,7 отсто од гласовите, Нова демократија вчера победи со 40,79 проценти и 2,4 милиони гласови, односно 0,94 отсто повеќе од пред четири години.

СИРИЗА од друга страна во 2019 година освои 31,53 проценти и 1.781.057 гласови, додека пак вчера доби 20,07 проценти од гласовите, односно загуби 11,46 отсто што се 598.503 гласови.

Во загуба е и партијата МЕРА25 на Јанис Варуфакис, поранешниот министер за финансии од Владата на СИРИЗА, која не го достигна изборниот праг од три отсто за влез во Парламентот, губејќи 0,83 проценти од гласовите пред четири години.

Останатите партии кои обезбедија влез во Парламентот добија повеќе гласови за разлика од 2019 година: ПАСОК- Движење на промена е за 3,36 отсто засилена, Комунистичката партија за 1,92, а Грчко решение за 0,75 проценти.

Грција СИРИЗАм избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.