НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чадеж: Од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија

0
By Ана Василевска on May 23, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Марко Чадеж
Марко Чадеж
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, говорејќи за иницијативата Отворен Балкан истакна дека од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, што ќе им овозможи на граѓаните на овие земји слободно да се вработуваат во овие три земји во корист на компаниите и економиите на членките на Иницијативата.

Чадеж на ТВ Пинк изјави дека саемот на вино во Белград „Винска визија на Отворениот Балкан“ и саемот на вино „ВинИтали“ во Верона беа одлични можности за промоција на регионот и на нови деловни зделки.

„Важно е ние да соработуваме во регионот, но и да разговараме многу активно со ЕУ за што поскоро да добиеме влез на единствениот европски пазар и да ги уживаме четирите слободи. Тоа не е само прашање на нашиот економски опстанок, туку и европско безбедносно прашање, консолидација на ресурсите, идни иновации …, рече Чадеж“, се наведува во соопштението на ПКС.

Тој додаде дека постои јасен правен модел и примери како другите европски земји станале членки на единствениот европски пазар и посочи дека од клучно значење е да се започне нова комуникација и динамика на разговори со ЕУ.

„Единствен пазар што е можно поскоро, четирите слободи што е можно поскоро, српската економија и граѓаните на Србија во структурите на Европа што е можно поскоро“, рече Чадеж.

Марко Чадеж отворен балкан Отворен пазар на труд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.