Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата во следниве денови ќе ја разгледува Предлог – иницијативата за уставни измени

0
By Ана Василевска on May 29, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Устав на РСМ
Устав на РСМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 29, 2023 09:22

Од денеска, според најавата на премиерот Димитар Ковачевски, Владата ќе ја разгледува Предлог – иницијативата за уставни измени изработена од страна на работната група. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак, кажа дека текстот е проследен до Министерството за правда и во наредниот период дискусијата допрва треба да се развие.

Работната група на седница во петокот ја усвои Предлог – иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за негово изменување и дополнување.

Изјава на претседателката на Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот Маргарита Цаца Николовска по седницата на која требаше да биде усвоен д

Претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска изјави дека се предлага промените да бидат во делот на Преамбулата со тоа што „после бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“. Втората измена е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2.

-Во овој амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, рече Николовска.

Има измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците заради тоа што сега се јавуваат поголем број  народи кои можат да продуцираат поголем број пратеници и да има пратеници во Комитетот на заедници.

„Тука е бројот 43, запазен е паритетот, со тоа што по 16 члена од редовите на пратениците во Собранието од редовите на Албанците и Македонците, по еден од редот на пратениците во Преамбулата, со тоа што доколку некоја од заедниците нема пратеници, тогаш останува Народниот правобранител по консултации со релевентните претставници на тие заедници да предллжи членови на Комитетот“, рече Цаца Николовска.

Работната група изготвила и кратко образложение за иницијативата и нејзината основаност и оправданост. Цаца Николовска оцени дека состанокот завршил успешно и рече оти едногласно биле донесени сите одлуки.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети компанијата „Метро“ лоцирана во индустриската зона Ќојлија.

Премиерот Ковачевски во саботата изјави дека Предлог-иницијативата во понеделник односно денеска ќе биде во архивата на Владата и дека потоа ќе се најде на седница на Владата.

– Владата ќе го разгледа со големо внимание со оглед на тоа дека во подготвувањето на предлогот учествуваа професори по уставно право, професори по сродни права на уставното право, претставници од практиката на уставното право и претставници на политички партии. Потоа согласно процедурата откако Владата ќе го разгледа и усвои ќе го достави до Собранието бидејќи ова е во моментов најзначаен процес во државата, изјави Ковачевски.

Запрашан за тоа дали албанските партии ќе го поддржат предлогот имајќи го предвид нивното барање за бришење на „20 отсто“ од Уставот и да биде напишано албански јазик, Ковачевски рече дека верува оти не само тие, туку и сите партии во Собранието ќе го поддржат предлогот.

„Многу јасни пораки дојдоа од сите претставници на ЕУ и на претседатели на држави членки на ЕУ во однос на тоа која е обврската на нашата држава и кои се обврските на ЕУ.  Дека ќе биде одржана меѓувладина конференција која што ќе започне со скрининг процесот како и за секоја држава и штом ќе ги направиме уставните измени веднаш без закажување ќе се одржи и втората меѓувладина конференција за отворање на поглавјата и на кластерите. Што значи дека имаат преземено свои обврски коишто ги исполнуваат, имаме преземено ние наша обврска која што треба да ја исполниме. И затоа верувам дека не само албанските партии, туку сите политички партии и сите пратеници ќе ја поддржат оваа одлука во Собранието“, рече Ковачевски.

Целта е, како што потсети, државата да продолжи кон исполнување на својата втора стратешка цел после зачленувањето во НАТО, а тоа е зачленувањето во ЕУ, што не е процес на еден човек и на една партија туку на сите политички партии.

Коментирајќи ги изјавите од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека нема да поддржат уставни измени и за наводна негова оставка, премиерот повтори дека тоа се фикции на лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека единствен кој кажал дека ќе си поднесе оставка е самиот Мицкоски.

Ковачевски најави дека ќе го покани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во наредните десетина дена на која би разговарале за носење на одуки за интеграцијата на Северна Македонија и за усогласување на ставовите за односите со соседните земји.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека кога станува збор за националните и државни интереси, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е подготвен да разговара во кое било време, но бара да се разговара и за тоа што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени.

Недостоинствено и непрофесионално е што се етикетираат медиуми и тоа што власта и политички поединци кон медиумите гледаат непријатели.

Според заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, може да се стигне со уставните измени до ноември, доколку сите партии и пратеници ја сфаќаат својата одговорна улога во овој период.

– Знаеме дека процедурата во Собранието трае отприлика три до четири месеци, сосема доволно да се издискутираат и да се усвојат овие уставни амандмани, коишто се само дополнување на досегашниот систем на заштита на заедниците, изјави Маричиќ додавајќи дека потоа ќе бидеме во друга фаза во која ќе продолжат преговорите со ЕУ, патот ќе биде отворен и дека блокади веќе не се очекуваат.

Маричиќ го дели мислењето со американскиот сенатор Крис Марфи и се повикува на неговата изјава дека правиме една техничка измена којашто само во низата на неколку заедници додаваме уште неколку, укажувајќи дека од тоа никого не може да има штета и дека не смееме во ова фаза сами да го запреме нашиот европски пат.  Вицепремиерот изрази задоволство што предлогот е едногласно изгласан од комисијата и го поздрави првиот ефикасен резултат на работната група.

„Текстот е проследен до Министерството за правда и во наредниот период дискусијата допрва треба да се развие. Очекуваме во наредните да речеме неколку денови или неколку недели да се најде на седница на Влада, така што таа иницијатива ќе се разгледа можеби образложението ќе се зајакне со аргументи иако вака мислам дека доста солидно е направено“, рече Маричиќ.

Defence Minister Slavjanka Petrovska and the US Ambassador Angela Aggeler attended a display of military equipment part of the military exercise ‘Immediate Response 23’ in Kavadarci on Sunday

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер верува дека е јасна и важна пораката на американскиот сенатор Крис Марфи дека тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции треба да се направат до крајот на годинава.

„Сметам дека неговата порака е важна, дека доколку тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции не се направат до крајот на годинава, сигурно ќе има луѓе во САД, во Белата куќа, во Капитол… кои ќе се прашуваат колкава е посветеноста на вашата земја во однос на евроатланските интеграции и европскиот пат. Затоа нема потреба од толкување на неговата изјава, верувам дека беше многу јасен“, одговори Агелер на новинарското прашање.

Менувањето на Преамбулата на македонскиот Устав е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Северна Македонија со Европската Унија, уверува амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп.

„Втората фаза ќе почне во моментот кога Северна Македонија ќе ја смени Преамбулата во Уставот за да го вклучи бугарското малцинство, заедно со седумте етнички заедници кои се веќе споменати во Уставот. Заклучоците од Советот минатиот јули јасно кажуваат дека штом Северна Македонија ги усвои уставните измени, веднаш ќе почне втората фаза и тоа без каква било друга политичка одлука. Значи, да, менувањето на Преамбулата во Уставот го гарантира почетокот на новата фаза. Тоа е автоматски“, вели амбасадорот Коп.

И покрај заканите од Бугарија за ново вето, амбасадорот Коп уверува дека тоа нема да се случи, но сепак додава дека билатералното прашање не треба да се користи како оправдување за незавршување на реформите.

Димитар Ковачевски Маргарита Цаца Николовска Работна група за уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.