Петте закони кои се однесуваат на изградбата на Коридорите 8 и 10 Д попознати во јавноста како Закони за „Бехтел и Енка“, се парафирани од претседателот на државата Стево Пендаровски.
На денешната прес конференција тој истакна дека измените и дополнувањата на овие Закони се важни за напредокот на државата и не гледа ништо спорно ниту смета дека се противуставни.
„Во врска со дебата која се води во јавноста во последниов месец а се однесува на Законите кои се поврзани со изградбата на коридорите, ќе го дадам својот потпис. Станува збор за Закон за изменување и дополнувањеза работни односи, Закон за изменување и дополнување за експропирација, Закон за изменување и дополнување за градење, Закон за изменување и дополнување за урбанистичко планирање. Изминативе недели се разви дебата за Законите.Не спорејќи го правото за дебата сакам да укажам дека дебатата беше злоупотребена за поларизација, и ја отргна дискусијата во друг правец, односно имаше цел да ги загрози нашите стратешки аспирации.“, рече Пендаровски на денешната прес конференција.
Според Пендаровски Уставниот суд е единствената инстутуција која го дава последниот збор и тој не го спори правото да се реагираа до оваа институција.
„Изминативе денови направив низа консултации во однос на уставноста на новиот текст на законот со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии на Уставниот суд и со советниците во мојот Кабинет. По сумирањето на различните мислења донесов одлука да го потпишам Указот за прогласување на овој закон, и на останатите четири закони. Сепак, имајќи ги предвид приговорите на дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија кои работат во оваа сфера, како и на некои политички партии укажувам дека секоја заинтересирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој закон, вклучително и на овој закон. Уставниот суд е единствената институција во нашиот правен поредок која го дава последниот збор во однос на уставноста на законите и има на располагање механизми со кои може брзо и ефикасно да донесе соодветна одлука, ако така смета, истакна Пендаровски.
Тој ја поздрави и работата на Комисијата за уставни промени и смета дека ефикасно ја врши својата работа.
„Како што повеќе пати истакнав, внесот на други народи нема да ја загрози безбедноста на државата“, рече Пендаровски.
Според него опозицијата сака да дојде на власт па да разговараат за уставни измени.
Пендаровски ја коментираше изјавата на холандскиот амбасадор за Судскиот совет, и ги охрабри сите оние кои даваат европски пари што се влеваат во проекти на невладини организации или пак медиуми а кои се сомнителни и работат против државата да ги повлечат парите.
На новинарско прашање дали Пендаровски ќе се кандидира на следните претседалески избори, тој рече дека не размислува за тоа во овој момент.
Собранието во петокот ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање и Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола).
Законите беа донесени по скратена постапка, откако Владата ги означи со европско знаменце и го достави до Собранието.