Градоначалникот на Лепосавиќ повеќе од 30 часа поминал во општинската зграда, ноќта ја поминал таму додека граѓаните дежурале надвор
Пред зградата на општина Лепосавиќ и денеска се собраа голем број граѓани, а во зградата ноќта ја помина новоизбраниот градоначалник на таа општина, Љуљзим Хетеми. Тој влегол во зградата во понеделникот наутро во 5:30 часот и оттогаш не излегол.
Барањата на насобраните се Хетеми да ја напушти зградата на општината, но и специјалната полиција да се повлече.
Војници на италијанскиот КФОР во голем број се стационирани на платото во центарот на Лепосавиќ, а зад нив се возилата на специјалните единици на косовската полиција.
Главниот пат Лепосавиќ – Северна Митровица е прооден, а покрај патот се распоредени полициски патроли.
Административниот премин Јариње е отворен за сообраќај.
извор: Нова.рс