НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерата на филмот „Некрстени денови“ на Иво Трајков вечерва во Кинотека ќе го означи почетокот на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал под мотото „Сè е филм, во множина“

0
By Ана Василевска on June 2, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во компетитивната програма во конкуренција за наградата „Златен був“ од стручното жири и од публиката за Најдобар долгометражен филм ќе бидат шест филмови, сите за првпат во Македонија, меѓу кои и една македонска ко-продукција.

 Со премерата на филмот „Некрстени денови“ на Иво Трајков, вечерва во 20 часот во Кинотеката на С. Македонија ќе започне 13. издание на  Филозофскиот филмски фестивал. Режисерот Трајков е  еден од ексклузивните фестивалски гости со кого публиката ќе има можност да се вклучи во дискусија по прикажување на филмот. Како увертира на проекцијата ќе биде одржан музички перформанс на Филип Букршлиев и Андреа Мирческа, емисари на Новиот македонски бран на џез музика.

Филмот “Piargy” е прикажан на голем број фестивали и освои голем број награди, но сакав премиерното прикажување во Македонија да биде нешто вонредно. Од тој поглед ми се чини дека и самата идеја за филозофски филмски фестивал е нешто уникатно и надвор од рамките на Македонија. Филозофијата е присутна во секој филм како составен дел на животот. Во овој филм се појавуваат и некои теозофски аспекти – вели  режисерот Трајков по повод фестивалската премиера.

Сцена од филмот „некрстени денови“ на Иво Трајков“
Сцена од филмот „некрстени денови“ на Иво Трајков“

Фестивалот кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, во осумте фестивалски дена (2-9 јуни) во Кинотеката на С. Македонија,  на публиката ќе ѝ понуди 40-тина филмови, 50-тина настани, а ќе има 15-тина гости.

Во компетитивната програма во конкуренција за наградата „Златен був“ од стручното жири и од публиката за Најдобар долгометражен филм ќе бидат шест филмови, сите за првпат во Македонија, меѓу кои и една македонска ко-продукција. Имено, станува збор за погоре споменатиот филм („Некрстени денови“) на нашиот познат режисер Иво Трајков („Големата вода“, „Медена ноќ“), кој долги години живее, твори и предава на престижната FAMU во Прага. „Некрстени денови“ плени со раскошна визуелност и со апокалиптичката приказна сместена во предворјето на Втората светска војна.

Како дел од натпреварувачката програма од утре ќе бидат прикажани, колумбискиот филм „Кралевите на светот“ на Лаура Мора, јапонскиот „План 75“ на режисерката Чие Хајакава, потоа, уште еден силен дебитантски филм, „1976“, овојпат на младата чилеанска режисерка Мануела Мартели,  иранскиот „Последниот снег“ на Амирхосеин Асгари. Последниот филм од долгометражната филмска селекција е поврзан со специјалниот гостин на годинешното издание на Фестивалот, односно последното филмско остварување на светски познатиот режисер, Кшиштоф Зануси, „Совршен број“ – филм кој ќе го претстави самиот режисер во Скопје.

Во двојната конкуренција за „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм, ќе бидат 15 филмови од повеќе земји во светот: САД, Канада, Финска, Јужна Африка, Холандија, Португалија, Костарика, Полска, Унгарија, Швајцарија, Кина и Грција. Пред почетокот на првата вечер од проекциите на краткометражни филмови, а како дел од Фокусот Годар, ревијално ќе биде прикажан неговиот краток филм „Во темнината на времето“.

Селектор на официјалната селекција на долгометражни филмови е проф. м-р Кирил  Трајчев, додека за изборот на краткометражни филмови се погрижи    д-р Дејан Здравков; филмовите во Ревијалната програма, во соработка со гостите на Фестивалот, се филтрирани од Слаѓан Пенев и Ана Дишлиеска Митова.

Жирито за официјалната конкуренција на долгометражни филмови го сочинуваат: д-р Елизабета Шелева (професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ), д-р Луис Мартин Ариас (професор на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија) и д-р Нил Кенеди (професор на Тринити колеџот во Даблин, Ирска). За наградите во официјалната конкуренција на краткометражни филмови ќе одлучува жири во состав: Наташа Неделкова (интердисциплинарна уметница и истражувачка), Том Докал (филмски критичар, Луксембург) и Ана Јакимска (режисерка и сценаристка).

 Мотото на годинешното издание на ФФФ гласи „Сè е филм, во множина“, и е  инспирирано од големиот филмски великан од Францускиот нов бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого Фестивалот подготвува специјален интерпрограмски фокус.

Во чест на фестиваскиот фокус за прв пат на голем екран ќе биде прикажан серијалот што режисерот го подготвува и снима 10 години, култниот „(И)стории на филмот“.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје и Кинотеката на С. Македонија. Институционални поддржувачи на ФФФ се Агенцијата за филм и Министерството за култура на Република С. Македонија. Во подготовката на ова издание значајна поддрѓка дадоа Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје, МЕДИА Деск Мк, Музејот на современата уметност Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

Филозофскиот филмски фестивал е еден од ретките филмски фестивали во светски рамки што продуктивно ги истражува плуриперспективните димензии на релацијата меѓу филозофијата и филмот.

 

 

Кинотека на РСМ Филмови Филозофски филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.