НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

0
By Соња Крамарска on June 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
пратеникот Томас Хакер
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот Бундестаг недвосмислено ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет, вели во изјава за Дојче веле пратеникот на Либералите (ФДП) Томас Хакер, пренесува МИА. Како дел од парламентарното мнозинство, Хакер е еден од иницијаторите на резолуцијата на германскиот парламент за Северна Македонија која денеска ќе се најде на дневен ред на Бундестагот.

Со оваа резолуција Бундестагот сака да ја охрабри Северна Македонија да го спроведе компромисот со Европската унија од летото 2022 година, вели Хакер, алудирајќи на договорот за вметнување на Бугарите во Уставот.

Германскиот пратеник нагласува дека влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес како на Германија, така и на ЕУ.

„Спроведувањето на компромисот нема да доведе до загуба на македонскиот јазик, култура и идентитет, како што стравуваат некои политички експонирани личности во Северна Македонија“, смета Хакер. Според него, исполнувањето на договорот ќе му овозможи на Скопје да го отвори првиот преговарачки кластер, а тоа, како што посочува, „е од клучно значење”.

Во резолуцијата за која ќе гласа германскиот Бундестаг се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија, признание на македонската култура, идентитет и јазик, како и серија препораки за владата во Берлин. Меѓу другото, од сојузната влада се бара да влијае врз Бугарија да не го кочи пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ и да не поставува дополнителни услови.

Хакер  вели дека Северна Македонија е единствен пример во регионот за целосна подготвеност за евро-атлантската интеграција. Затоа со резолуцијата се бара и пристапниот процес кон ЕУ да се направи „поиновативен“.

„Ваков каков што е веќе со години, не може да продолжи. Затоа, на Северна Македонија и на другите земји кои искрено се залагаат за членство во ЕУ, мора да им понудиме атрактивни меѓучекори. Предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која сака да овозможи поблиско поврзување со земјите од Западен Балкан со планот од четири точки, оди во вистинска насока“, вели смета Хакер.

Според него, таквите чекори се должност кон земјите од Западниот Балкан, „а особено кон  Северна Македонија“, затоа што уште сега е видливо дека кредибилитетот на ЕУ во некои земји не е бескраен.

Бундестаг Германија европска иднина либерали Резолуција за Македонија Томас Хакер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.