Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаќири: До Владата не е доставен предлог училишната година да започне подоцна

0
By Ана Василевска on June 19, 2023 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Јетон Шаќири
Јетон Шаќири
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 19, 2023 13:30

Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот на јуни.

„Се уште не е доставен предлогот до Влада. Тоа е дискусија што почна заедно со синдикатите, одговори министерот“, појаснувајќи дека иако кај нас новата учебна година започнува на 1 септември, во други земји таа стартува подоцна.

Тој нагласи дека Владата ќе одлучи како е подобро за образовниот процес, нагласувајќи дека овие промени може да се реализираат и од септември, за што, според него, има доволно време.

„Доколку одлучиме за 1 септември, ќе биде петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа е во средината на месец септември. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст“, појасни Шаќири.

Прашан дали новата учебна година ќе започне без проблеми, министерот одговори дека смета оти таа ќе биде една од поуспешните во делот на доставување на учебници уште од самиот старт.

Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за тоа што биле пробиени тестовите на матурскиот испит.

„Имам побарано од Државниот испитен центар и Советот да ги има предвид сите закони и секое прекршување, да има заклучоци за образовниот процес во дел на препишување на државната матура. Ако имаше пробивање во дел на државната матура, ќе имаше други чекори. Но, и ние како општество во наредниот период сите да дадеме придонес за вакви случувања да има што помалку во образовниот процес“, нагласи Шаќири.

Јетон Шаќири Министрество за образование и наука учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

ВЕСТИ May 8, 2026

Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади…

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.