НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски-Предоју: Продолжуваме заедно за побезбедна Европа

0
By Marta Pesevska on June 21, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото:Влада.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска (21.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Букурешт, Република Романија, се сретна со својот романски колега, вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Романија, Марјан-Каталин Предоју.

На средбата, изразувајќи благодарност за топлиот пречек, министерот Спасовски упати честитки до колегата Предоју по повод назначувањето на функцијата вицепремиер и министер за внатрешни работи на Романија. Притоа, тој изрази задоволство за можноста за соработка на прашања од заеднички интерес како за двете министерства за внатрешни работи, така и за двете пријателски земји.

Оценувајќи ја досегашната билатерална соработка меѓу двете Министерства за внатрешни работи како плодна и отворена, министерот Спасовски го изрази своето уверување дека таа ќе продолжи да се развива со зголемен интензитет и во иднина.

„Оваа одлична соработка следи како резултат на добрите односи кои постојат меѓу двете земји, потврдувајќи ги нашите заложби за зацврстување и одржување на истите, како и нашата заедничка позиција во спротивставување на актуелните безбедносни закани, одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на нашите граѓани и држави. Клучен фактор во овој вид соработка игра и местоположбата на СЕЛЕК Центарот во Букурешт, кој претставува уникатна оперативна организација, која ја олеснува брзата размена на информации меѓу агенциите за спроведување на законот од земјите членки во делот на прекуграничен криминал, а  координира и регионални операции, ставајќи ги на едно место ресурсите од 12-те земји членки, меѓу кои и Романија, за откривање и разбивање на криминални мрежи”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека меѓународната оперативна соработка, која е на високо професионално ниво, се остварува преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка и подразбира брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран и сериозен криминал.

Како уште еден показател за одличната билатерална соработка, министерот Спасовски го посочи Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Романија за зацврстување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупција.

„Со Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Романија за зацврстување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупција испративме сериозна порака за сузбивање на коруптивното однесување на полициските службеници и другите вработени лица во надлежните органи, како и на организираните криминални групи кои се бават со овие незаконски активности. Во рамки на Договорот веќе се воспостави заедничка соработка помеѓу двете министерства за внатрешни работи, како што е обуката од областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупција во Романија, Букурешт. Истовремено, нашата соработка дополнително се зајакна со потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Романија за поддршка и соработка во областа на заеднички обуки, кој има за цел реализација на програми за размена стручен кадар и кадети, размена на искуства и податоци, изработка на заедничка програма за обука, како и спроведување заеднички обуки и проекти”, истакна министерот Спасовски.

Министерот за внатрешни работи на Романија Марјан Каталин Предоју ја   истакна  добрата соработка помеѓу двете Министерства за внатрешни работи, со уверување дека тие и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат нашите заложби по прашањата од заеднички интерес како што се борбата против илегалната миграција, тероризмот, компјутерскиот  криминал и размената на обуки и искуства помеѓу полициските службеници подвлекувајќи дека во нив имаме партнер и поддржувач не само на билатерален  план туку и на регионало ниво. Предоју во оваа прилика истакна дека особено го цени учеството на нашите претставници во СЕЛЕК со кои изминатиов период имавме успешна  реализација на голем број заеднички истраги. Од страна на министерот Спасовски беше упатена покана за посета на МВР на Република Северна Македонија, која министерот Предоју со задоволство ја прифати.

На крајот од средбата министерот Спасовски се заблагодари за целокупната поддршка што ја дава Министерството за внатрешни работи на Романија на билатерално и на меѓународно ниво, а особено во напорите за европска интеграција.

Предоју Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.