НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Со внесување на Бугарите во Уставот паѓа во вода тезата за „еден народ во две држави“

0
By Ана Василевска on June 22, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека  ВМРО-ДПМНЕ треба да остане на искажаниот став во однос на уставните измени и да се работи на ниво на работни групи и да се договорат деталите, потенцирајќи дека со внесувањето на Бугарите во Премабулата на Уставот паѓа во вода тезата за „еден народ во две држави“.

„Не толкувам што е јавно кажано и јавно презентирано пред медиумите, а преку медиумите и до јавноста. Сите можевме да видиме на прес-конференцијата после лидерската средба на 7 јуни дека позициите беа приближени. Прво, дека за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива промена на Уставот. Тоа беше кажано јавно на телевизија, бидејќи пред тоа, тие излегуваа дека не е прифатливо под кои било околности промена на Уставот. Тоа тогаш беше променето“, јавно кажано, рече Ковачевски.

Премиерот потсети дека од ВМРО-ДПМНЕ собирале нотарски изјави на кои се потпишувале пратениците и дека партискиот лидер Христијан Мицкоски тврдеше дека ќе даде оставка ако и еден пратеник на партијата гласа за уставните измени, но оти сето тоа со изјавата на 7 јуни е тргнато на страна. И сега, додаде Ковачевски, имаме позиција во која што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени и внесување на делови од други народи во Преамбулата на Уставот.

„Втората работа, дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Владата, исто така беше кажано на прес-конференцијата, што потврдува нешто друго, а тоа е дека исто така не важи веќе дека оваа Влада нема легитимитет и дека Собранието нема легитимитет да носи одлука во делот на продолжување на европскиот пат. Имаше уште еден услов од страна на претседателот на ДПМНЕ, а тоа е партијата ДУИ да не биде дел од Владата: Тие веднаш на прес-конференција кажаа дека ДУИ е подготвен да поддржи Влада по усвојувањето на уставните измени“, рече премиерот Ковачевски.

Според него, таквата Влада треба да биде Влада на големо, широко обединување во која треба да учествуваат сите и која треба да ги заврши уставните измени и скринингот, да ги отвори кластерите заедно и да затвори барем две поглавја од првиот кластер и потоа да се оди на избори.

„Дали со таа влада, дали со техничка влада согласно закон, тоа е работа на договор“, вели Ковачевски.

Сега останува, како што нагласи, ВМРО-ДПМНЕ да остане на искажаниот став и да се работи на ниво на работни групи и да се договорат деталите.

„Не е ова борба за собирање на ситни политички поени. Знаете ние долго време, 20 години гледавме водење на политика за собирање на дневни политички поени и правење рејтинзи од избори до избори. И што добивме, добивме 20 изгубени генерации, коишто одат да работат во странство, зимаат пасоши на други држави за да можат полесно да се снајдат. И што ќе им одговориме на тие генерации“, рече Ковачевски.

Премиер смета дека ако спорот со Грција се решеше пред 25 години, ние ќе бевме пред 20 и членка на НАТО и членка на ЕУ, заедно со Хрватска.

„Ние тргнавме пред Хрватска, а сега Хрватска има и Шенген, има и евро. А ние уште расправаме дали некој заради своја лична политичка кариера ќе донесе одлука, која што одлука зависи иднината на државата, која што одлука не задира во никакви идентитетски прашања. Таа одлука првпат ќе внесе бугарски дел од народ во нашиот Устав“, истакна Ковачевски по посетата на фабриката „Европа“.

Бугарија Димитар Ковачевски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.