НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тихановскаја: Добив чудна порака, можно е мојот сопруг Сергеј да починал во затвор

0
By Ана Василевска on July 4, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Лидерката од егзил на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерката од егзил на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, соопшти дека непознато лице ја известило дека нејзиниот сопруг Сергеј можно е да починал во затворот во Белорусија, пренесуваат француските медиуми.

Тихановскаја се нема слушнато со сопругот од март годинава. Во декември 2021 година, Сергеј Тихановски беше осуден на 18 години затвор по повеќе обвиненија, вклучително и „организирање масовни немири“ во земјата со која од 1994 година владее Александар Лукашенко.

Осудата се сметаше за политичка одмазда за жената која го предизвика Лукашенко на претседателските избори во 2020 година, предизвикувајќи масовно протестно движење кое беше задушено со насилство, забележаат француските медиуми.

„Денеска добив многу чудна и застрашувачка порака. Непознато лице напиша дека мојот сопруг Сергеј починал во затвор“, напиша Тихановскаја синоќа на Твитер, додавајќи дека „нема докази за ова тврдење“.

Според неа, ова не е прв случај во кој се шират гласини за смртта на нејзиниот сопруг, но од 9 март таа нема никакви вести за него и „адвокатите не смеат да се видат со него“.

„Ова е уште еден обид на режимот да изврши притисок не само врз политичките затвореници, лишени од секаков контакт со надворешниот свет и држени во ужасни услови, туку и врз нивните роднини, принудени да живеат без никакви информации“, нагласи лидерката на белоруската опозиција.

„Се грижам за Сергеј секој ден. Многу е тешко да се живее кога не знаеш дали твојот сопруг е жив или не“, напиша таа на Твитер.

Тихановскаја беше принудена да емигрира поради владината репресија. Во март таа беше осудена во отсуство на 15 години затвор по серија обвиненија, вклучително и „заговор за преземање на власта“.

Александар Лукашенко Белорусија Лидерката од егзил на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.