НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Средба Рама –Курти ќе има само ако се одржи откажаната седница на двете влади; КФОР негира дека Србија шверцува оружје во Косово; „Отворен Балкан“ – за и против

0
By Ана Василевска on July 5, 2023 ВЕСТИ
Клинтон-Рама
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Албанија од вчера престојува поранешниот Американски претседател Бил Клинтон, а најзабележана беше неговата изјава во однос на тензиите на северот на Косово, кога ги нарече „глупост“, и порача да се прекине истата. Албанските медиуми продолжуваат да ја коментираат изјавата на Рама дека иницијативата „Отворен Балкан“ ја завршила својата мисија, и дека ќе се претопи во Берлинскиот процес, како и коментарот на српскиот претседател, Вучиќ, дека не е сигурен дека Рама го кажал токму тоа. Рама најави турнеја низ Балканските земји, на која планира средби и разговори за иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, според медиумите во Албанија.

Ова се дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

РСЕ: Клинтон ги нарече „глупост“ тензиите на северот на Косово

„Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, побара да се даде решение за ситуацијата на северот на Косово, која ја опиша како „глупост“.

Во својот говор пред високи функционери на Албанија и граѓани собрани во негова чест на булеварот „Херои  на нацијата“ во Тирана, тој истакна дека изборите на северот треба да се одржат што е можно поскоро.

„Сега на Косово се случува спор што би сакал никогаш да не се случи. Веќе не е во мои раце. Но, Косовците ги создадоа овие четири општини за доброто на Србите, за да им дадат четворица градоначалници, но и место во Собранието. Затоа мислам дека згрешиле што не гласале. Мислам дека е лесно за Албанците сега во мнозинство да се обидат да го искористат моментот за да го изнесат својот аргумент. Но, она што треба да го направиме, е да ја запреме оваа глупост“, рече Клинтон.“, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

Еуроњуз: Берлинскиот процес и иднината на „Отворен Балкан“, турнеја Рама на Балканот на 6 и 7 јули

„Албанскиот премиер  Еди Рама од 6 до 7 јули, како што најави, ќе одржи  балканска турнеја во рамки на Берлинскиот процес и иницијативата „Отворен Балкан“, за која претходно изјави  рече дека веќе ја завршила својата мисија.

Се очекува Рама придружуван од дел од владиниот кабинет да ги посети Приштина, Белград, Скопје, Сараево и Подгорица, пренесе Еуроњуз.

Газета експрес: Што рече Вучиќ на прашањето за изјавата на Еди Рама дека „Отворениот Балкан“ ја исполни својата мисија

„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Отворениот Балкан е „автохтона идеја на народите на Балканот“ и дека не верува оти албанскиот премиер Еди Рама можел да каже дека оваа иницијатива ја завршила својата мисија и дека е време да се вклучиме во Берлинскиот процес.

Според медиумите Вучиќ ова го изјавил кога бил запрашан да ја коментира изјавата на Рама за Отворен Балкан, во која тој вели дека оваа иницијатива ја завршила својата мисија и дека е дојдено време да се „претопи“ во процесот на Берлин.

Не сум сигурен дека е точно тоа што го кажа, но се надевам дека наскоро ќе можам да го видам. Отворениот Балкан е автохтона идеја на народите на Балканот, Србите, Албанците, Македонците, но ја поддржуваат и значителен дел од Бошњаците и луѓето во Црна Гора кои не се Срби“, рече Вучиќ, кој додава дека добро го познава Рама и дека е речиси невозможно да кажал такво нешто.“, пренесува Газета Експрес.

КОСОВО

Газета Блиц – Руте: ЕУ да не покажува со прст кон виновникот за односите Косово-Србија

Премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека Европската унија не треба да покажува со прст за да го најде виновникот меѓу Косово и Србија за тензичната ситуација на северот, додавајќи дека блокот треба да помогне, наместо да го најде виновникот. Холандскиот премиер рече дека решението е анекс на спроведувањето на основниот договор меѓу Косово и Србија постигнат во февруари и март.

Тој рече дека двете страни се жалат дека другата страна не го спроведува договорот, но додаде дека се треба да се спроведе и дека треба да се работи со пристап „чекор по чекор“. Не знам дали треба да го впериме прстот во виновникот, на Косово или Србија, бидејќи тоа не и помага на ситуацијата. Сакаме да бидеме од помош“, вели Руте, пренесе Газета Блиц.

Зери – Курти: Сакаме добрососедски односи со Србија, договорот да се спроведува без услови и без одлагања

Премиерот Албин Курти изјавата ја даде по средбата со премиерот на Холандија Марк Руте и премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел.

Тој рече дека побарал од двајцата европски премиери да му помогнат на Косово да влезе во НАТО и во ЕУ.

„Побарав и да ни помогнат во однос на програмата на НАТО, Партнерството за мир и да продолжиме понатаму кон добивањето на прашалникот од Европската комисија за членство во ЕУ, каде што веќе ја направивме нашата официјална апликација“, изјави тој.

„Во однос на дијалогот за нормализација на односите со Србија, истакнав дека Косово е заинтересирано за добрососедски односи. Сакаме европско решение и за ова го имаме основниот договор од 27 февруари и анексот за имплементација од 17 март, за што сакаме да се спроведе во целост, без одложувања и без услови“, изјави Курти, пренесе Зери.

КОЛУМНА

ЕО: Држава на „амбасади“!

„Зошто „амбасадите“ инсистираа на координација со државата Косово? Тие разбраа на кое ниво политичари се занимаваат со политика, меѓу нив и прилично неписмени, кои не знаеја да ги читаат нивните говори во собранискиот говор! ; министерот им даде можност да делат бонбони, односно без никаква професионална програма! Некогаш немаше веќе бонбони. Изненадувачки, и „амбасадите“ одобрија или не имиња за министри!“, пишува авторот Шќиприм Пула, во колумната „Држава на „амбасади“!, објавена во Економиа Онлајн.

Д. Тахири 

Извор:  Цивил Медиа

Бил Клинтон Еди Рама Избор албански медиуми отворен балкан Тензии на Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.