НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во завршна фаза активностите за оне-стоп-шоп на Ќафасан – Ќафтане

0
By Marta Pesevska on July 7, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во завршна фаза се активностите за воспоставување на концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Воспоставувањето на концептот за гранични контроли со едно застанување ја зголемува соработката помеѓу државите и ја забрзува регионалната интеграција. Ова се главните пораки од денешната средба на директорот на Царинска управа Стефан Богоев со директорот на Царинската управа на Република Албанија Генти Гажели, остварена на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане.

„Со Царинската управа на Албанија имаме исклучителна соработка и драго ми е дека денес сме во завршна фаза на воспоставување на концептот за заеднички контроли оне-стоп-шоп, на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане. Со ова ќе се овозможи спроведување на граничните контроли со едно застанување што ќе ја олесни трговијата, ќе го забрза транспортот на стоки и ќе овозможи побрз на проток на патници”, истакна директорот Стефан Богоев.

На граничниот премин за земјите од Отворен Балкан е воспоставена приоритетна лента за сите товарни возила, за стоки кои поминуваат во рамки на зелените коридори, како и за компаниите со статус на овластен економски оператор.

Во моментов како што потенцира Богоев во подготовка се проекти зголемување на бројот на сообраќајни ленти и автоматизација на овој граничен премин, со поддршка на Владата и финансиски средства обезбедени од Светска банка и од инструментот на ЕУ за претпристапна помош – ИПА.

„Сите овие активности се во насока на побрзо завршување на царинските постапки, намалување на трошоците и подобрување на конкурентноста на домашните компании на меѓународниот пазар, како и за побрза интеграција на нашата држава кон ЕУ”, изјави Богоев.

Директорот на Царинската управа на Република Албанија, Генти Гажели истакна дека воспоставувањето на оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане ќе го подобри квалитетот на живот и бизнисот, не само за жителите на Република Албанија и РС Македонија, туку и во земјите од регионот.

„Тука сме денес да најдеме решение за да се имплементира овој многу важен проект, кој ќе придонесе да се развие бизнисот во двете држави, вели Гажели.

„Ќафасан“ Богоев царина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.