НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета на ИРИ: Зголемена поддршка за членство во ЕУ, недостиг на доверба во владеењето на правото

0
By Ана Василевска on July 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зголемена поддршка за членство во ЕУ, ниско ниво на доверба во владеењето на правото и разлики за правецот на движење на локално и национално ниво, покажува анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија. Спроведена е во периодот од 8 април до 4 мај 2023, преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците, на национален репрезентативен примерок од 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години.

Како што се наведува во соопштението, на прашањето дали ја поддржуваат интеграцијата на земјата во Европската Унија, 79 отсто од возрасните испитаници одговориле со „да“, што претставува раст од шест процентни поени во однос на анкетата извршена минатиот октомври.

-Растот во поддршката за ЕУ интеграција е знак дека западните институции нудат надеж за успешна иднина…Граѓаните на Северна Македонија ја сметаат интеграцијата со демократски блок каков што е ЕУ како клучна за мир и напредок, изјави Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа.

Анкетата, се посочува, исто така покажа дека поголемиот број граѓани немаат доверба во владеењето на правото. Само 31 отсто од испитаниците, се додава, се согласиле дека законот еднакво се применува за сите граѓани на Северна Македонија, што е најниско ниво до сега, а 65 отсто не се согласиле со оваа изјава.

-Нашата анкета покажува дека помал број граѓани имаат доверба во еднакво спроведување на законот“, рече Мекарти и додава дека „лидерите во Скопје мора да се осврнат на ова прашање доколку сакаат да влеат доверба во владата и во политичките институции на земјата“.

Освен ова, граѓаните на Северна Македонија се поделени во однос на насоката според која се движи нивната локална самоуправа споредено со насоката во која се движи државата. Така, се наведува понатаму, 28 отсто од испитаниците сметаат дека нивната општина се движи во вистинската насока, додека само 14% го мислат истото за земјата како целина.

Анкетата е спроведена во име на  Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на групацијата КАНТАР). Податоците се пондерирани според возраста, полот, регионот, населеното урбано/рурално место и етничката припадност. Маргината на грешка за целиот примерок не е над ± 2.8 поени со ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 74%.

Анкета е извршена со поддршка од Националната фондација за демократија.

Анкета ИРИ владеење на правото ЕУ интеграции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.