Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Мицотакис: Грција останува силен партнер на Северна Македонија на патот кон ЕУ (ДПЛ)

0
By Ана Василевска on July 12, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Ковачевски-Мицотакис
Ковачевски-Мицотакис
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 12, 2023 10:51

Пресек на севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Грција направиле денеска премиерите на девете држави, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицоакис на билатералната средба на маргините на НАТО Самитот во Вилнус, при што ја потенцирале подготвеноста за нивно зајакнување и проширување на соработката во секое поле од заемен интерес, а посебно на економски план.

Како што јави известувачот на МИА од Вилнус, двајцата премиер изразиле задоволство од трендот на зголемување на трговската размена меѓу Северна Македонија и Грција.

Ковачевски и Мицотакис, како што информира Владата, истакнале дека од клучна важност е соработката во енергетскиот сектор, за која се согласиле дека има голем потенцијал ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.

Премиерот Ковачевски му ја честитал победата на неодамнешните избори на својот грчки колега Мицотакис и изразил уверување дека соработката помеѓу двете влади ќе продолжи со зголемен интензитет. Воедно се заблагодарил за силната грчка поддршка на процесот на интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија.

На средбата соговорниците разговарале и за актуелните регионални теми.

За билатералниот состанок информираа и од грчката Влада. Како што јави дописничката на МИА од Атина билатералните односи и ситуацијата во регионот, биле во фокусот на средбата на премиерите.

-За време на средбата разменија мислења за последните случувања во регионот, а ги разгледаа и билатералните односи и ја реафирмираа волјата за нивно продлабочување, информираа од кабинетот на Мицотакис.

Ова е прва средба на премиерите на двете земји по избрите во Грција на 25 јуни и е на само четири дена откако Владата на Мицотакис доби доверба од Парламентот.

Грција Ковачевски-Мицотакис РС Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.