Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охридско лето: Промоција на книгата „Боите на мојата музика“, приказна за животниот и творечкиот пат на истакнатата македонска пијанистка, Снежана Анастасова Чадиковска

0
By Marta Pesevska on July 27, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во 19 часот во предворјето на црквата Св. Софија во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Боите на мојата музика“ од авторите Снежана Анастасова Чадиковска, истакната пијанистка, пијано педагог, публицист, музички аниматор и организатор и Марко Коловски, музиколог, публицист, новинар и општественик.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 27, 2023 17:19

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во 19 часот во предворјето на црквата Св. Софија во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Боите на мојата музика“ од авторите Снежана Анастасова Чадиковска, истакната пијанистка, пијано педагог, публицист, музички аниматор и организатор и Марко Коловски, музиколог, публицист, новинар и општественик.

Книгата “Боите на мојата музика”, е приказна за животниот и творечкиот пат на истакнатата македонска пијанистка, Снежана Анастасова Чадиковска.  Музичката јавност ја познава Чадиковска и како пијано педагог, музички публицист, аниматор и организатор на бројни културни и музички настани.

“Боите на мојата музика” е  автобиографско дело, раскажано од Снежана во соработка со нејзиниот долгогодишен соработник, музиколог, но пред се и пријател, Марко Коловски.

Книгата започнува од раното детство на Снежана и првите среќавања со музиката, опишувајќи настани кои ја одбележуваат нејзината кариера, но и нејзиниот личен живот, се до добивањето на некои од највисоките национални признанија за културни, музички и педагошки достигнувања. Ова низа од лични спомени и децениски случувања, поткрепена со бројни фотографии, а опишани од аголот на уметникот и музиколог, Марко Коловски, ја збогатуваат националната музичко-културна архива, носејќи значење за македонската музичка и културна сцена, воопшто. “, информираат од организацијата на настанот.

За рамнодушност нема место додека трае читањето на ова дело. Примамливо зa секој, а особено за музички едуцираните читатели, овој приказ на креативноста, интуитивноста, амбицијата, упорноста и желбата на едно големо музичко македонско име, носи надеж дека ќе инспирира и мотивира многумина понатаму.

Книгата е колоритна, раскошна, блескава, а најдобар приказ за тоа е “Хипостази на животот” на ликовниот уметник Венијамин Хаџи – Наумов.

Промотори на книгата се  Илинденка Петрушева, филмолог, филмски критичар, историчар на филмот, есеист и  Александар Трајковски, музички теоретичар, истражувач, педагог и публицист. Модератор на промоцијата е Милчо Јованоски, директор на Националната установа Библиотека Григор Прличев, новинар и публицист а водител на настанот е

Наташа Попоска Карче, сликар, уметник, стоматолог. Книгата е во издание на Музичкиот издавачки центар а финансиски е поддржана од Министерството за култура и од Алкалоид Скопје.

По промоцијата следи Концерт на камерниот оркестар на  Музичката Младина на Македонија (МММ)  ,,Сашa Николовски – Ѓумар” со почеток во 21.00 часот во црквата Св. Софија.

„Боите на мојата музика“ Охридско лето Промоција на книга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 21, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

ВЕСТИ June 21, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да го „преземат“ Ормускиот теснец доколку…

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.