НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Да не се ставаат односите меѓу навивачите во корелација со односите меѓу државите

0
By Marta Pesevska on July 29, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најважно е да не се ставаат односите меѓу навивачите во корелација со односите меѓу државите или било кои етнички групи или народи, бидејќи тоа е посебен свет кај навивачите и доколку дозволиме така лесно да се направи корелација и прелевање, само ќе направиме штета на односите. Сите оние кои ќе се обидат ова што се случи помеѓу навивачите да го стават во контекст на односите меѓу државите, немаат добри намери кон тие односи.

Ова е пораката од министерот за надворешни работи Бујар Османи од денешната прес-конференција на која одговараше на новинарски прашање во врска со случувањата поврзани со натпреварот на фудбалските клубови Шкупи – Левски во Скопје.

На прашање од бугарските новинари да ги коментира изјавите од некои бугарски политичари дека со овие инциденти Северна Македонија се оддалечува од Европа, Османи дециден дека „тоа е жално и некоректно“. Повтори дека сите што ќе се обидат да извлечат политички анализи од тензии помеѓу навивачи, тоа го прават злонамерно и не мислат добро на односите меѓу двете држави.

– Ставот на МНР на Република Бугарија беше коректен и тоа јас го ценам како однос на бугарската држава. Политичките партии коишто се обидуваат да добијат политички поени на основа на тензии меѓу навивачите, не и мислат добро ниту на Бугарија, ниту на Северна Македонија, ниту на односите помеѓу двете држави, уште помалку на основа на тензии меѓу навивачи да ја процениме европската подготвеност на Северна Македонија, рече Османи.

Потсети дека МНР веќе ги осуди и побара од надлежните органи да ги преземат сите мерки за да се идентификуваат сторителите и да се изведат пред лицето на правдата.

Тој информира дека и пред натпреварот е комуницирано на ниво на Влада и дека натпреварот е  квалификувале како натпревар од висок ризик, а полицијата и МНР ги презеле сите мерки за да не дојде до насилство меѓу навивачите.

– Порано во Северна Македонија често имаше вакви инциденти од различни етнички групи и заедници, секогаш ми бил ставот дека не може преку навивачите да се донесат заклучоци во однос на одностие што ги имаат различните етнички групи, а во овој случај навивачите. Тоа е посебен свет во кој навивачите имаат посебен однос и никогаш не треба ваквите случувања помеѓу клубовите, помеѓу навивачите од било кои групи да се ставаат во контекст на политичките односи внатре или помеѓу државите, рече министерот за надворешни работи.

Османи информираше дека повредениот е во добра здравствена состојба и е во комуникација со Амбасадата на Р. Бугарија и нашите здравствени власти се однесуваат најпрофесионално за да излезат во пресрет на потребата за згрижување.

Прашан за тоа што вчера имаше песна на бугарска телевизија со тешка содржина во смисла на говор на омраза и навреди кон нас, министерот Османи информира дека веднаш штом кога го добил видеото преку воспоставниот канал за комуникација за пријавување говор на омраза, пријавиле во МНР во Бугарија.

– Секогаш ќе има злонамерници и од двете страни, најважно е ние како институции да не дозволиме нарушување на односите и да не дозволиме тие да ни ја диктираат агендата, изјави шефот на македонската дипломатија.

Додаде дека има многу стереотипи, многу недоверба, но затоа, подвлече, ќе мора да има барем некој што размислува поинаку и ги анализира, пријавува, презема мерки и се обидува да наметне конструктивна агенда во односите и да се врати довербата помеѓу двете држави.

МНР навивачи Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.