Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска од Прохор Пчински: АСНОМ е света кратенка која нė држи будни во негувањето на патриотизмот, храброста, визионерството

0
By Ана Василевска on August 2, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 2, 2023 16:50

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше дел од државно-црковната делегација која денеска го посети  манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Република Србија, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска од „Прохор Пчински“ порача дека со почит кон нашата историја и со вера во нашата иднина, го славиме Илинден и продолжуваме напред, заедно.

-Стоиме горди на местото каде се удрени темелите на нашиот јазик, државност и идентитет. Манастирот „Св. ‘Прохор Пчински’ засекогаш ќе остане во нашата меморија и со длабока почит, додека е векот и светот, ќе им се поклонуваме на нашите херои, на нашите визионери, на нашите ослободители. АСНОМ е светата кратенка која мора да нė држи будни. Таа е копнеж, храброст, патриотизам на поколенија македонски јунаци, илинденци и партизани, кои ги поставија темелите за остварување на идеалите за слободна и своја држава, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура порача дека и денеска се поклонивме на ова, за нас, историско место, пред спомен плочата на Манастирот која сведочи дека тука, пред 79 години, се одржа Првото заседание на АСНОМ и, потстеи дека меѓу другото, во Декларацијата се запиша: „Се забрануваат и прогонуваат сите фашистички и профашистички дејствија, оти се против слободата…“. На овој ден, 2 август 1944 г., македонскиот јазик е прогласен и за службен јазик во македонската држава.

Делегацијата беше предводена од претседателот Стево Пендаровски заедно со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Викарниот Епископ Хераклејски г. Климент и претставници од Сојузот на борците на НОБ. Тие го посетија  манастирот „Св. Прохор Пчински“ и положија свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

Македонската делегација во „Прохор Пчински“ беше пречекана од претседaтелот на Србија, Александар Вучиќ и од Епископот врањски г. Пахомије, по што двете високи делегации го разгледаа манастирскиот комплекс

АСНОМ Бисера Костадиновска - Стојчевска Мечкин Камен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.