НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи преку видео ја објаснува суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ

0
By Marta Pesevska on August 5, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави видео на својот профил на Фејсбук со кратко објаснување, како што посочува, на суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ.

-Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел. Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за коишто ниту се прави писмен извештај од Европската Комисија, ниту е потребно гласање од страна на Европскиот совет, т.е., од стана на земјите-членки на Унијата. Во специјалниот дел се наоѓаат 35-те поглавја, за кои постојат одредници кои мора да се исполнат и за кои Европската Комисија подготвува извештај, а земјите- членки со гласање го одобруваат. Овие одредници се содржани во трите патокази што ќе ги подготвиме после скринингот, а ќе ги усвои Европската Унија. Toa се: патоказ за владеење на право, патоказ за јавна администрација и патоказ за демократски институции. Во еден од овие патокази, патоказот за владеење на право, се наоѓа акциски план за малцинства, за сите малцинства, етнички или неетнички, посочува Османи.

Она што е поважно, потенцира тој, е што во ниту едно од овие одредници, патокази или скалила во специјалниот дел од преговарачката рамка нема никаква референца или поврзаност со Договорот за пријателство со Бугарија, никакви референци по прашањето на работата на Историската комисија, ниту пак прегледите од член 12 од истиот Договор.

-Напротив – и Договорот за пријателство и прегледите од член 12 од Договорот, како и Договорот со Грција се нотирани во општиот дел од рамката, делот за кој ниту се изготвува извештај од страна на Европската Комисија, ниту претставува предмет на гласање, или одобрување од страна на Советот на ЕУ, односно земјите-членки на Унијата. Тоа не значи дека ние нема да работиме на нивната имплементација, ние секако ја имаме преземено таа обврска, но и тоа ќе го правиме во добра волја, но тие не се одредници за кои ќе се изготвува Извештај или ќе се гласа и оттука не можат да бидат основа за нова пречка на патот, објаснува Османи.

ЕУ Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.