НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МТСП: Еднократното покачување не е решение, новата методологија овозможува постојан раст на пензиите

0
By Marta Pesevska on August 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според Министерството за труд и социјална политика на интензивните средби со пензионерите, на маса се неколку теми за заштита на  нивниот животен стандард, отворено се разговара за напорите да се амортизира растот на цените, да се утврди висината на минималната пензија, се разговара за финансиските пакети за поддршка во справување со енергетската и економската криза, како и за воведување на проектот Помош и нега во домот.

Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека барањето за линеарното покачување на пензиите не е решение.

Во одговор за Локално оттаму велат дека поради ова и континуираната соработка со Здружението на пензионери, протестите се изненадување. Според Законот за пензиско и инвалидско осигурување нема основ за линеарно усогласување на пензиите, а такво усогласување не постои  ни во земјите на нашето опкружување, ниту во пензиските системи на европските земји. Еднократното покачување од 3 500 денари не носи гаранција за стабилен раст на пензиите и сигурност на највозрасните граѓани на нашата земја. Тоа не навраќа во 2014 година, кога редовното законско усогласување беше ставено вон сила и се вршеше линеарно усогласување во фиксен износ од 600 денари еднаш годишно. Во 2015 год., еднаш годишно со фиксен износ од 621 денари и во 2016 год, еднаш годишно со фиксен износ од 654 денари. Овие износи не може да се споредат со заштитата и поддршката што како Влада им ја обезбедуваме на пензионерите изминатиот период, велат од МТСП за „Локално“.

Од таму се децидни дека Методологија за гарантиран постојан раст на пензиите е најреален начин на усогласување на пензиите затоа што ги следи двата клучни индикатори: трошоците за живот и просечната плата.

По зголемувањето од 8,4% во март, моменталната проекција за покачувањето на пензиите во септемрви според Министерството за труд,  ќе биде најмалку 6% или вкупно 24 % во периодот од јануари 2022 до септември 2023 година.

 

 

МТСП пензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.