Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камчев и ВМРО-ДПМНЕ во гобленот „Бугарска врска“

0
By Ана Василевска on August 9, 2023 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
Камчев-Мицкоски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 9, 2023 13:47

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Не е забрането да се поддржува некоја партија, под услов тоа да се прави законски, и по соодветните канали.  Проблемот е дали со таквата поддршка Камчев влијаел (во овој случај во насока на бугарските интереси) на политиките на партијата. Во моментов за тоа постојат само шпекулации – ако тоа се докаже, тоа би имало далекусежни последици за целата политичка сцена, укажува Арсовски за Рацин.мк.

Неодамна бугарските медиуми укажаа на одредени врски на биснисменот Орце Камчев со високи бугарски политички претставници, некогашните министри за надворешни работи и за одбрама Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, кои во 2018 достaвија предлог до македонската влада бизнисменот да биде прогласен за почесен конзул. Предлогот беше одбиен зашто тогашната Влада и премиерот Зоран Заев укажаа дека против Камчев се покренати повеќе истраги.

Ова Бугарската јавност го оцени како петно на бугарската надворешна политика имајќи го предвид најновиот развој на настаните со кои Камчев се најде на црната листа на САД, а во нашата земја се постави како прашање дали овој „случај“ во Бугарија може да се пренесе и во Македонија ако се има предвид дека Камчев бил еден од финансиерите не ВМРО-ДПМНЕ.

Одговор на ова прашање побаравме од аналитичарот Петар Арсовски.

– Случајот секако е тесно поврзан со македонската домашна политика, а не само со бугарската надворешна политика. Имајќи ги предвид наводите за поврзаност со политички партии, таквата спрега, ако се докаже, ќе има значително влијание врз домашната политика, но и на односот на маѓународната заедница кон политичките партии кои би биле вмешани во евентуални незаконски дејства, или пак дејствувале во спрега со надворешни фактори.  Сепак, за такви сериозни тврдења, потребни се и сериозни докази – на нашите домашни институции останува обврската тоа да се истражи и евентуално документира соодветно, изјави за Рацин.мк аналитичарот Арсовски.

Дополнителната анализа секако би отворила дополнителни заклучоци доколку индициите за конекциите во овој случај, ако се има предид дека најлгасните заговорници на блокадата на Македонија во евроинтеграцискиот процес (Захариева и Каракачанов) биле во спрега со ВМРО-ДПМНЕ која негува антибугарска идеологија и ја блокира интеграцијата меѓу двете земји. Уште повеќе ако се знае, според признанијата на Мицкоски, дека Камчев финансиски ја поддржувал оваа партија.

Ова изгледа контрадикторно, но поттикнувањето на радикализацијата на двете страни им оди во прилог на оние што не сакаат сега да се решат македонско-бугарскте односи.

Нашиот соговорник Арсовски вели дека „не е голема тајна дека Камчев ја помагал ВМРО ДПМНЕ“.

– Дел од предметите на тогашното СЈО, впрочем, беа за тоа.  И не е забрането да се поддржува некоја партија, под услов тоа да се прави законски, и по соодветните канали.  Проблемот е дали со таквата поддршка Камчев влијаел (во овој случај во насока на бугарските интереси) на политиките на партијата. Во моментов за тоа постојат само шпекулации – ако тоа се докаже, тоа би имало далекусежни последици за целата политичка сцена, укажува Арсовски.

Очигледно е дека финансирањето на политичките партии или високи политички лидери на двете од страна на корумпираните бизнис елити од лукративни или политички мотиви како нус појава, има сериозен потенцијал да ги нарушува односите меѓу двете земји, во овој случај меѓу Бугарија и Македонија. Тоа  беше и еден од мотивите на Вашингтон да укаже, предупреди и санкционира актери на вакви коруптивни дејствија заради безбедносните аспекти во регионот и заради заканите и блокадата на процесите кои што во интерес на стратешките партнери на земјите од регионот (САД и ЕУ).

– Целиот регион е особено подложен на бизнис-политичко-партиски влијанија, и тоа надворешните земји кои имат интерес за дестабилизиација на Балканот секако добро го знаат и беспоштедно го користат.  Сепак, проблемот е во недостатокот на капацитет на домашните институции да се спротистават на оваа пракса.  Перманентната политичка криза ги девастира овие капацитети.  Се додека не ги одвоиме овие служби од дневна политика, ние сме осудени да бидеме „гоблен“ за надворешни влијанија, истакна во кусиот разговор за Рацин.мк аналитичарот на политичките процеси во земјата и регионот Петар Арсовски.

Извор: Рацин.мк

Бугарија Орце Камчев Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.