НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Девет партии на Албанците“, што губат, а што добиваат Албанците со ова?

0
By Ана Василевска on August 11, 2023 АНАЛИЗА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичкиот блок на партии на Албанците секојдневно се „збогатува” со по една партија.

Вкупно досега имаме осум активни партии, но се најавува формирање на уште еден нов политички субјект.

Партијата на пратеникот Скендер Реџепи – Зејд се чини дека ќе станат деветта политичка партија на политичкиот кампус на Албанците.

Со толкав број на политички партии гласовите на Албанците ќе губат на тежина, а можен е и пад на бројот на пратениците, сметат политичките аналитичари.

ДПА на Мендух Тачи само преживува во политичкиот блок на Албанците. Таа нема некаква организациона и голема тежина кај гласачите Албанци, иако е најстара активна партија на албанскиот политички блок од 1993 година.

ДУИ на Али Ахмети сè уште го држи приматот како најголема и најсилна партија. ДУИ во сите досегашни изборни циклуси од 2002 година ги добилe изборите кај Албанците со значителна разлика од другите партии и поголем број освоени гласови.

Од друга страна во последните десет години се формираа и Движењето Беса на Билал Касами, Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и Алтернатива на Африм Гаши.

Во пресрет на парламентарните избори кои треба да се одржат идната година, на политичката сцена на Албанците се приклучуваат уште неколку нови партии.

Граѓанското Европско Движење на Ѓула Челик, Демократското движење на Изет Меџити, Европска Демократската партија на Аријанит Хоџа и партијата или движењето што се најавува од пратеникот Скендер Реџепи Зејд.

Според познавачите на политичките случувања на албанскиот политички блок, со ваков сплет на партии гласовите на Албанците ќе губат на тежина, исто како што се случи пред неколку години кога имаше многу партии како: Нова Демократија на Имер Селмани, НДП на Руфи Османи, Унитети на Гзим Острени, Демократската унија на Албанците на Бардул Махмути…

Селим Ибраими
Селим Ибраими

Селим Ибраими од Институт за безбедносни студии и развој од Тетово, вели дека двете најсериозни партии на Албанците се ДУИ и Движењето БЕСА, на другите ќе им треба време да се консолидираат и етаблираат.

– Но, едно е сигурно дека нивната улога ќе биде деструктивна за албанскиот електорат во Северна Македонија, бидејќи со толку голем број партии, младите и неопределени гласачи не знаат од каде доаѓаат и за која програма да гласаат. Демократското движење на Изет Меџити има голема веројатност да добие значителен број гласачи од ДУИ, а БЕСА ќе може да добие доволно гласови од Алијанса за Албанците. Додека, улогата на Скендер Реџепи, Аријанит Хоџа ќе биде уништувачка за албанскиот електорат, гледајќи ги нивните тенденции при формирањето на политичките партии. Друго реално сценарио кое може да излезе пред сите е создавање на два блока со ДУИ на чело, гледајќи ги овде Алијанса, Аријанит Хоџа, пратеникот Скендер Реџепи и ДПА. И опозицискиот блок со Движењето БЕСА, Алтернатива и Демократското движење на Меџити. Генерално, следната изборна трка ќе биде тешка, изјави Ибраими за Фронтлајн.

Ќенан Алиу

Политичкиот аналитичар Ќенан Алиу смета дека големиот број политички партии на Албанците во Северна Македонија се појавува поради многу причини, од принципиелни до причини кои удираат интереси од различни димензии кај политичките протагонисти.

– Како феномен тој е легитимен, иако на прв поглед изгледа дека го распарчува гласот на албанскиот електорат, но демократијата овозможува нивно групирање во изборната трка. Кога нивните раководства не можат да го најдат јазикот на соработка, тоа е нивен проблем, а не демократијата како систем кој дава можности за дејствување, вели Алиу за Фронтлајн.

Според него, бројот на мандатите на пратеници Албанци не зависи само од тоа колку партии се, туку и од други фактори.

– Тоа се поврзува пред сè со колкав ќе биде процентот на пристап до гласање на албанскиот електорат, каков е изборниот модел, колку изборни единици има државата и формулата за пресметка на мандатите. Со сегашниот изборен систем застапеноста на Албанците не може да падне по дваесет мандати без разлика на процентот на излезени граѓани на гласање, додека со поголемо учество во гласањето и кога условното учество на другиот блок е мало, застапеноста на Албанците може да достигне до 35 мандати. Но, практиката докажа дека не секој субјект што се регистрира може да ја издржи политичката сцена. Политичкиот опстанок одредено време зависи од политичката моќ што субјектот ќе ја покаже во текот на изборната трка првиот пат. Меѓутоа, ако се воспостави политичка култура за да се испеглаат ставовите и интересите, тие може да се обноват, реформираат, па дури и да се ребрендираат со текот на времето, потенцира Алиу.

Лидерот на Алијансата за Албнците, Арбен Таравари, го критикуваше формирањето на нови политички партии на Албанците во земјата. Тој изјавил дека не е против конкуренцијата, туку дека треба да има сериозност.

Во минатото и лидерот на ДУИ – Али Ахмети го критикуваше формирањето на многу политички партии на Албанците, нагласувајќи дека на Албанците им требаат две јаки политички партии, една на власт и една во опозиција.

Извор: Фронтлајн.мк

албански партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.