Прво влада, па лидерска: Села, Гаши и Касами му откажаа на Ахмети за денеска

Лидерите на Алијансата за Албанците и на Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши вчера информираа дека прифаќаат заедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо денеска, таа да се одржи по 17 август и формирањето на новата влада

ДУИ со дневен ред за утрешната лидерска на албанските партии, Села и Гаши за одложување по 17 август

За утрешниот состанок во 12 часот, ја предлагаме следната агенда: Статус на реализација на определбите од Заедничката декларација во претходниот мандат, Евалуација на предвремените парламентарни избори од 15 јули 2020 година; Формирање на меѓупартиски совет во согласност со заедничката декларација и утврдување на рокови за реализација на заедничките цели“, се вели во партиското соопштение на Демократската унија за интеграција