Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумоски: Не, ова не е реконструиран булевар, ова е само заменет асфалт на коловоз

0
By Marta Pesevska on August 11, 2023 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 11, 2023 18:33

„Не, ова не е реконструиран булевар, ова е само заменет асфалт на коловоз. Веќе некое време во Скопје не се ни прашува за она што беше правило некогаш – секоја нова реконструкција на улица или булевар доаѓаше со нови велосипедски патеки, тротоари, дрвореди… Се пропуштаат важни прилики да се подобри градот, Рузвелтова, Бледски Договор, Даме Груев… се реновираа на ист начин. Некогашните активисти со лекциите за автоцентричност на улиците нигде ги нема“, реагира Никола Наумоски, шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во врска со објавата на Град Скопје во која велат дека е.завршена реконструкција на дел од булеварот АСНОМ во Ново Лисиче.

 

Наумоски нагласува дека „сега е пропуштена приликата цело Ново Лисиче да биде опколено со велосипедски патеки“.

„Претходните три (бул. Србија, бул Видое С. – Бато и Февруарски Поход) патеки се направија во претходниот мандат. Данела само требаше да го продолжи проектот. И понатаму ќе останат без тротоар жителите на Ново Лисиче на брз и фреквентен булевар, без безбеден пристап до паркот и до фудбалските терени од другата страна на булеварот“, реагира Наумоски.

Градоначалничката Данела Арсовска, како што соопштија од Град Скопје, денеска изврши увид на завршената реконструкција на дел од булеварот АСНОМ во Ново Лисиче.

„Станува збор за проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна површина од 9750м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и нивелирање на шахти и сливници. Станува збор за целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“, соопштија од Град Скопје.

И од иницијативата „На точак“, во објава на Фејсбук велат дека ова е „уште една пропуштена шанса да се изведе безбедна инфраструктура за ранливите учесници во сообраќајот“. Оттаму нагласуваат дека во оваа состојба улицата стимулира брзо и небезбедно возење на автомобили, а не дозволува никакво возење на велосипеди, ни движење на пешаците на една страна.

„Уште една пропуштена шанса да се изведе безбедна инфраструктура за ранливите учесници во сообраќајот. Од споделените фотографии од Град Скопје може да се види дека само коловозните ленти на „реконструираниот“ потег на булеварот АСНОМ во Ново Лисиче имаат сменет асфалт. Во оваа „реконструкција“ ништо не е сменето за ширината на коловозот и лентите, не е изведена безбедна велосипедска инфраструктура на јужната страна, а ни пешачка ни велосипедска инфраструктура на северната страна. Значи реконструкцијата е само на коловозот преку олеснување на брзото непрекинато возење наместо преку дестимулација со негово успорување. Во оваа состојба улицата стимулира брзо и небезбедно возење на автомобили, а не дозволува никакво возење на велосипеди, ни движење на пешаците на една страна. Дополнително, на останатите 3 страни на булеварите околу Ново Лисиче има издвоени велосипедски патеки. Со одлуката да не се изведат велосипедски патеки или ленти и на овој булевар се пропушти шансата ова да биде вториот блок во Скопје кој е целосно обиколен со безбедна велосипедска инфраструктура“, наведуваат од иницијативата „На точак“.

Ј. Ѓ.

Извор: Фронтлајн

 

булевар АСНОМ Град Скопје Никола Наумоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.