Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германската Влада го одобри планот за либерализација на правилата за канабис

0
By Ана Василевска on August 16, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 16, 2023 15:08

Германската Влада денеска одобри план за либерализација на правилата за канабис, што е прв чекор кон декриминализирање на поседувањето на ограничени количини канабис и овозможува на членовите на „канабис клубот“ да го купуваат за рекреативни цели.

Предлог-законот што го усвои Владата мора да биде одобрен и од Парламентот, а Министерството за здравство очекува законот да стапи во сила до крајот на годинава.

Според предлогот што неодамна го објави министерот за здравство Карл Лаутербах, ќе се легализира поседувањето до 25 грама канабис за рекреативни цели, а поединците ќе можат сами да одгледуваат до три растенија.

На Германците над 18 години ќе им биде дозволено да се приклучуваат на непрофитни „клубови за канабис“, од кои секој ќе може да има најмногу 500 членови, а повеќекратните членства во клубови ќе бидат забранети. Тие клубови ќе можат да одгледуваат канабис за личните потреби на своите членови.

Според новите регулативи, поединците ќе можат да купат до 25 грама канабис дневно или до 50 грама месечно, или 30 грама за оние помлади од 21 година.

Трошоците на клубовите ќе бидат покриени со членарина, која ќе се одредува според тоа колку канабис користат членовите.

Германските власти се надеваат дека планот ќе помогне во сузбивање на црниот пазар, заштита на потрошувачите од контаминирани производи и намалување на криминалот поврзан со дрога.

„Ние не го создаваме проблемот. Се обидуваме да го решиме проблемот“, изјави претходно Лаутербах.

Но, со ова не се согласува централнодесничарската опозиција која тврди дека власта продолжува со легализацијата на ризичниот наркотик и покрај европските правни пречки и мислењето на експертите.

Организацијата на германските судии оцени дека планот најверојатно ќе го зголеми наместо да го намали товарот на правосудниот систем, па дури и може да ја зголеми побарувачката за канабис на црниот пазар.

По стапувањето во сила на новиот закон, вториот чекор е петгодишно тестирање на регулирани комерцијални синџири на снабдување во одредени региони и потоа научна проценка.

Владата на Германија, по разговорите со институциите на ЕУ, се откажа од претходно планираната продажба на канабис низ целата земја во лиценцирани продавници.

Лаутербах рече дека Германија не сака да го копира моделот на соседна Холандија, кој комбинира декриминализација со мала пазарна регулатива, велејќи дека Германија сака да даде пример за Европа.

Во Холандија, продажбата и потрошувачката на мали количини канабис во кафулињата е дозволена, но производството и продажбата на големи количини неопходни за снабдување на овие продавници сè уште е нелегално.

Во Швајцарија минатата година, властите одобрија пилот-проект кој им овозможува на неколку стотици луѓе во Базел да купуваат канабис за рекреативни цели во аптеките.

Чешката влада работи на план сличен на Германија, кој би дозволил продажба и рекреативна употреба на канабис.

Данската престолнина Копенхаген предложи легализација на марихуаната, но парламентот ја одби, додека Франција има строги правила и не планира да ги релаксира.

Германија Легализација на канабис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.