НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мултикултурализмот наспроти националистичките наративи

0
By Marta Pesevska on August 19, 2023 АНАЛИЗА, ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една од најголемите опасности на концептот на мултикултурализмот, што оди во прилог на критиките кон него, е национализмот, пишува Биљана Јордановска во „Перцепции за мултикултурализмот во Северна Македонија на патот кон ЕУ“.

Каде е проблемот и како да се надмине?

Идеолошката рамка на национализмот сама по себе како дел од различностите и индивидуалните идентитети би влегла во рамките на интеркултуралзимот како признавање, доколку историски, на наша територија, таа идеологија би го анулирала етноцентризмот.

Но, колективната хистерија околу националистичките идеологии, мултиплицирани, толку колку што етникуми живеат на територија на Северна Македонија, систематски е градена паралелно со обидите таа да се надмине преку мултикултурализмот.

„Главен фактор за влошување на односите меѓу заедниците се политичките партии, организации и групи. Тие го одбираат поттикнувањето на национализмот и насилството, бидејќи е најевтиниот, најефикасниот и воедно најдеструктивниот начин да се дојде до гласови, популарност и мандати. Поларизација, ширење страв и ветување дека тие ќе ги спасат луѓето од другите, различните…“, вели Џабир Дерала на конференцијата на ЦИВИЛ за односите меѓу заедниците.

Но, таа деструктивност, како што вели Дерала, мора да навлезе во сите пори на општеството, а за тоа на овие структури им е потребна помош.

„Се разбира, тоа би било невозможно без „експертската“ помош од интелектуалците, образовните институции и дел од граѓанското општество, а да не заборавиме и на тивкиот длабоко зачмаен, политизиран/партизиран и, најмногу од сè, конзервативен и неедуциран клиент – администрацијата. Воено-разузнавачките, политичките и финансиските структури во антидемократските земји, во директна или индиректна спрега со домашните „трагачи по богатство“, учествуваат во фрагментацијата и поларизацијата на општеството, а потоа и во деструкцијата на институциите, безбедноста и стабилноста на државата.  Сето тоа е овозможено преку агресивна експлоатација на најмоќното оружје без барутно полнење – медиумите“, додава Дерала.

Ваквото илустрирање на фактичката состојба со која се соочува мултикултурализмот иинтеркултурализмот, ја става државата во шах-мат позиција како институција. Зошто? Затоа што е саботирана од пионите во сопствените редови.

Па така, недоволната оценка на ЕУ, треба институционално да се надмине, според зборовите на Пендаровски, а во општеството, според Шкријељ треба да се адресираат позитивните придобивки, оние што не држат заедно.

Но, исто така, сите тие треба да се соочат со внатрешните демони, за кои зборува Дерала.

Заклучок

Мултиклутурализмот и интеркултурализмот не се македонски синдром, напротив, во глобални рамки светот помалку или повеќе се соочува со проблемот на градење заедничка иднина во кругот на различните општествени и политички наративи. Сепак, Северна Македонија со трасираниот европски пат треба и ќе треба постојано да работи и инвестира во придобивките од мултикултурализмот и интеркултурализмот. И тоа не е само државна, туку и лична одговорност на секој граѓанин.


Перцепции за мултикултурализмот во Северна Македонија на патот кон ЕУ

интеркултурализам Мултикултура национализам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.