Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународно признание за Перо Костадинов – вброен во топ-5 градоначалници кои направиле позитивни промени во општините

0
By Ана Василевска on August 22, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Перо Костадинов
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 22, 2023 11:27

Шведскиот меѓународен центар за локални демократии го вброи градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов во петте градоначалници од целиот свет кои направиле позитивни трансформации за демократијата на општинско ниво. Како што велат од Центарот, тие барале лидери кои демонстрираат посветеност и креираат активности и мерки за правичност, вклученост, транспарентност и одговорност.

 

„Побаравме предлози од граѓани од целиот свет за градоначалник кој направил позитивна промена во нивната општина во последните десет години. По 141 номинација, ги најдовме кандидатите со најјасни и најубедливи описи на позитивни промени – шампиони на локалната демократија“, соопштија од Центарот.

 

Оттаму за Перо Костадинов велат дека како градоначалник на Валандово, има реализирано повеќе иницијативи и проекти за создавање на поинклузивно и потранспарентно општество.

 

-Кога тој ја презеде функцијата во 2017 година, општината имаше нефункционална веб-страница со ограничени податоци и без простор за развој или инклузивност на граѓаните. Сепак, во 2018 година беше развиена нова веб-страница, ангажиран е ИТ администратор и набавена е нова ИТ опрема, што доведе до значителни подобрувања во техничкиот капацитет на општината. Овие напори вродиле со плод, бидејќи општина Валандово е на прво место меѓу сите општини во однос на активна транспарентност, покажува истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации, се наведува од шведскиот Центар.

 

Според нив, спроведената дигитализација одиграла клучна улога во работењето на општинската администрација.

 

-Градоначалникот Перо Костадинов воведе различни дигитални алатки кои ја подобруваат пристапноста до локалната самоуправа и ја олеснуваат директната комуникација и соработка помеѓу граѓаните и институцијата како што е дигиталната алатка „mZaednica“ која овозможува двонасочна електронска комуникација помеѓу граѓаните и локалната самоуправа. Оваа алатка се покажа како особено корисна за време на пандемијата како сигурен канал за комуникација со граѓаните. Костадинов ја промовира и иницијативата „Селектирај отпад“, дигитална алатка која има за цел да ги мотивира граѓаните да учествуваат во селекцијата на отпадот притоа обезбедувајќи им лични парични придобивки и во моментов помага во селекција на шест до седум тони отпад годишно, се истакнува во образложението на признанието.

 

Оттаму потсетуваат и на други реализирани мерки во општината, кои се од големо значење за граѓаните.

 

-Реализирана е поддршка од 20.000 денари за лица со попреченост, во време на енергетската и економската криза. Оваа субвенција ја искористија 56 семејства од локалната заедница. Поттикната е инклузивноста на граѓаните во процесот на буџетирање преку дигитални алатки. Повеќе од 150 идеи беа предложени од граѓаните и разгледани за вклучување во буџетот за 2023 година. Локалниот младински совет беше формиран за да обезбеди платформа за нивна инклузивност. Во текот на изминатата година, евидентирани се 76 официјални активности поврзани со младите, што ја истакнува посветеноста на општината за зајакнување на младите и учество во заедницата, информираат од шведскиот Меѓународен центар за локални демократии.

 

Општина валандово Перо Костадинов Центарот за граѓански комуникации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.