НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски е во „добра фаза“: Глуми Асанж со државна пензија од 72.930 денари и народен буџет од 2,3 милиони евра

0
By Ана Василевска on August 23, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА 

Не сакајќи да ја загуби позицијата на „филмски олигарх“, како единствен режисер кој на самиот себе си доделувал хонорари со вртоглави милионски суми, повластен пензионер од национална важност со загарантирани месечен приход во висина од две просечни македонски плати, вели дека не му е важен никој? 

Бруката што ја приредува изигрувајќи „укажувач на корупција“ за која нема ниту еден утврден аргумент, додека истовремено самиот е под истрага за потрошени најмалку 900.000 евра  за кои нема финансиски извештај во Агенцијата за филм на РСМ , станува проблем и тема со која веќе сериозно се занимаваат институциите на системот.

Не прави филмови за публиката, не работи за политички ниту за холивудски газди и во добра фаза е, вака режисерот Милчо Манчевски се пофали во интервјуто за телевизијата Н1.

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2023/08/miltso.mp4

Оваа изјава звучи најблаго речено контрадикторно во „фаза“ кога Манчевски ја замајува македонската јавност, декларирајќи се за политички прогонета жртва, претставувајќи ја РС Македонија како диктаторска Северна Кореја, за што во заблуда го доведе и Венецискиот филмски фестивал.

Бруката што ја приредува изигрувајќи „укажувач на корупција“ за која нема ниту еден утврден аргумент, а истовремено самиот е под истрага за потрошени најмалку 900.000 евра за кои нема финансиски извештај во Агенцијата за филм на РСМ, за изигрување конкурси и за испумпување стотици илјади евра државни пари на сопствени сметки во странство е проблем и тема со која веќе сериозно се занимаваат институциите на системот.

Сега не е јасно дали е во добра фаза, или пак е политичка жртва?

За каков политички прогон зборува Манчевски?  Да се биде жртва на политички прогон, потребно е да се има политички став. Дали тој некогаш изнел став за некое важно политичко прашање за државата која минува низ деликатни промени кон европскиот пат? Секако дека не, како што никогаш во сите историски политички премрежиња немал апсолутно никаков став, вртејќи ја главата како сончоглед и климајќи кон секоја политичка гарнитура како „национален уметник“ кому државата му е доживотно должна. Никогаш не ја „препозна“ ниту немилосрдната корупција во 11 годишниот режим на Груевски, од кого сомнително му се доделувани многу пари, но ете, упорно бара некаква корупција таму каде што ја нема, за најмалициозно да ја прикрие истрагата која е насочена кон него и неговите фирми.

Користејќи го својот авторитет стекнат пред триесетина година со успехот на филмот „Пред дождот“, немилосрдно со децении го експлоатира буџетот на државата, снимајќи филмови со потпросечна вредност за што се изјасни и светската филмска критика.

Не сакајќи да ја загуби позицијата на „филмски олигарх“, како единствен режисер кој на самиот себе си доделувал хонорари со вртоглави милионски суми, повластен пензионер од национална важност со загарантирани месечен приход во висина од две просечни македонски плати, вели дека не му е важен никој?

Човекот кој немилосрдно лаже и ги користи личните контакти, веќе неколку години се занимава со неосновани пријави кон свои колеги, кон Агенцијата за филм, и ја манипулира јавноста, додека од касата на државата преку истоимената агенција само во изминативе 5 години доби 2,3 милиони евра.

Каде е Манчевски во континуираниот успех и добрата фаза на нашата кинематографија?

И така, тој упорно ја убедува јавноста дека Холивуд плаче за него , а европските продукции „се тепаат“ да вложат пари во неговите филмови, ама ете тој кутриот мора да снима со наши пари, според него „евтини, неконвенционални филмови“, кои не се наменети за никого, дури ни за публиката, додека тој „ужива во процесот на нивно создавање“.

И додека Милчо Манчевски ужива во својата „добра“, самобендисана фаза, во само еден ден ни стигнаа три исклучително важни вести за македонската кинематографија. Наши филмови се во селекцијата на Венецискиот филмски фестивал, во трка за европски Оскари, слушаме за дистрибуција на наш филм преку гигантот „Универзал пикчрс“, и ова е само дел од континуитетот на блескавите успеси што ги постигнува македонскиот филм, а меѓу кои одамна ги нема филмовите на Манчевски.

Овие убави вести се директен демант на хроничните хистерични пријави на Манчевски за нерегуларности во конкурсите и поделбата на средства од Агенцијата за филм. За жал, од успехот на националната кинематографија, помили му се подметнувањата, лажните клевети на негови колеги, негови доскорешни соработници, на државата.

Скромноста е доблест на „медените“ и дарувани уметници кои заслужуваат да се ослободат од прангите на предимензионираната и деструктивна вредност која ја создава Манчевски. А, институциите на правдата имаат одлична можност да си ја вратат разнишаната доверба кај граѓаните и итно да ги процесираат сите очигледни и евидентни криминални случаи на „жртвата“ која ужива во својата децениска привилегирана „добра“ фаза.

Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Агенција за филм на РСМ Венециски филмски фестивал Милчо Манчевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.