НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Ехото на Миладиновци е гласно благодарение на Струшките вечери на поезијата

0
By Jane Gjorgioski on August 24, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во овој живот полн со предизвици, поезијата е чувствотворност што нè разликува во оваа ера на бесчувствителна роботизација, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на отворањето на 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, што од денеска до 27 август ќе се одржува во Струга.

 

Инспирирана од годинашниот лауреат на највисокото фестивалско признание, „Златен венец“, академик Влада Урошевиќ и неговите зборови какво би било човештвото без поезија, посочи дека тој кажал дека човештвото може да се замисли и без поезија, но оти тоа би било многу потажно, побездушно, поздодевно. Затоа, пренесувајќи ја пораката на Урошевиќ, министерката подвлече, додека не дојде до тоа време, читајте поезија за барем да го одложиме некако тој момент.

– И го одложуваме, и вечерва и тука, со сета почит кон пишаниот збор, вткаен во безвременски стихови било да се тие напишани на парче хартија стуткана во џебот или во инспиративна поетска осама на некое посебно место. Едно од тие посебни места е и нашата Струга. На „Мостовите на поезијата“ се сретнаа и Истокот и Западот. Токму тука, каде што сѐ уште боли „Т  ́га за југ“, рече Костадинова Стојчевска.

Ехото на Миладиновци, нагласи, е присутно и денес.

– И од година во година е сè погласно. Продолжи тоа ехо благодарение и на Струшките вечери на поезијата, создадени по промислата на величествените македонски современи автори чија визија нè крепи и по децении од нивното заминување, додаде министерката за култура.

На поетите кои ја одржаа, етаблира и оние кои ја продолжуваат оваа престижна поетска манифестација, им порача да не се откажуваат од нивниот драгоцен отпор.

-Вашите стихови нека бидат бедемотпорни. Стиховите сведочат и ќе сведочат за човечкото, за чувствотворното. Македонскиот современ литературен јазик има збор за секоја песна, за секој стих, на сите поети од светот. Македонскиот современ литературен јазик има збор и за сè што е неизречено, што пристиска и пече… Го има и изразот „вештачка интелигенција“ која, можеби, ќе напише и поема, ама никогаш нема да допре до длабоката тишина, таа што сè ќе рече, додаде Костадиновска Стојчевска.

Градот на поезијата, наредните неколку дена ќе пулсира во духот на пишаниот збор, каде повеќе од 60 поети од земјава и странство ќе читаат поезија на своите јазици.

Бисера Костадиновска - Стојчевска Струшки вечери на поезија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.