Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Утврдивме преговарачка рамка во која македонскиот јазик е јасно испишан

0
By Marta Pesevska on September 3, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 3, 2023 13:15

– Ние никогаш не сме бореле да ја убедиме Софија во ништо, ние сме се бореле ставовите на Софија кои што не одговараат на ова време ниту пак на духот на ЕУ да не бидат прифатени преку европските позиции. Она што е важно за нас е да утврдиме преговарачка рамка во која што нашиот јазик е јасно испишан и јасно се исчитува неговата улога како иден официјален јазик на ЕУ на кој што се преведува европското законодавство – рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за ВИС.

Според него особено важно е што договорот ФРОНТЕКС е потпишан на македонски јазик, со што на дело се покажа дека никој не може да не загрози во нашиот идентитет.

-Ветото од Бугарија се базираше на крајно неразумни барања во однос на нашата историја и нашата сегашност. Ние со сериозна  дипломатска битка успеавме сите билатерални прашања да ги тргнеме надвор од преговарачката рамка и таму остана само договорот за добрососедство потпишан во 2017 година. Се обидовме и успеавме да имаме гаранција дека нашиот јазик е и ќе биде третиран како официјален и конечно дека Бугарија нема да има простор бескрајно да блокира – вели Маричиќ.

Тој додава дека тоа што преговарачката рамка е исчитена од историски прашања и тие во иднина ќе се решаваат билатерално и долгорочно како и другите прашања поврзани со историјата и дентитетот,е доказ дека се истиснаа првични барања на Бугарија од почетокот на 2020 година. Она што остана како клучно брање е само внесување на Бугарите во Уставот.

-Штом го направиме тоа и го завршиме скринингот што треба да заврши до крајот на ноември оваа година, ние автоматски одиме на втората меѓувладина конференција и отварање на наредната фаза на преговорите – вели Маричиќ.

историски прашања македонски јазик маричиќ Преговарачка рамка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

ВЕСТИ May 26, 2026

Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе…

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.