Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случајот „Онкологија“ злоупотребен за ширење дезинформации и антиевропска кампања

0
By Ана Василевска on September 6, 2023 ВЕСТИ, Медиуми, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 6, 2023 14:25

Куририте водат антиевропска кампања ширејќи лажна вест дека „поради скандалот со Онкологија, владата ја прекина кампањата „Ние сме Европа“?!

„Иако беше најавена како караван кој ќе се одржи во 8 градови, автивноста на владата наречена “Ние сме Европа“ е изгледа ставена во мирување, судејќи дека нема нова трибина најавена за оваа недела“, објави Курир и неколку други портали.

Дека се работи за класична дезинформација потврдува и фактот дека вечер од 18 часот во Центарот за култура-Битола во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, ќе биде организирана отворена трибина „ЕУ за македонското културно наследство“.

Најавени се обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ – домаќин на кампањата „Ние сме Европа“, која се организира во осум градови низ државава.

На третиот настан од кампањата, овојпат во Битола, ќе се обрати и Андреа Штајнер-Вотавова – заменик-амбасадорка на Чешка, како и други гости на трибината.

Кампањата „Ние сме Европа“ почна со трибина отворена за граѓаните во Скопје, продолжи во Струмица, а по вечерашната во Битола, трибини во наредните денови ќе има и во Прилеп, Охрид, Штип,  Тетово и Куманово.

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Владата на Република Северна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои нè засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права итн, соопшти СЕП.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

дезинформации Скандал Онкологија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.