Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мишел: Војната во Украина има последици врз луѓето ширум светот

0
By Marta Pesevska on September 8, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 8, 2023 19:24

ЕУ силно ја поддржува Украина и врши притисок врз Русија, затоа што „војната на Кремљ“ уништува животи на само на украинска територија, туку и многу подалеку и поради неа над 250 милиони луѓе ширум светот се соочуваат со акутен недостиг на храна, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на прес-конференција пред почетокот на Самитот на Г20 во Њу Делхи.

Според него, со намерното напаѓање на украинските пристаништа преку кои оди извозот на прехранбени продукти од Украина, Русија ги лишува од храната оние луѓе на кои таа им е очајно потребна.

– Скандалозно е што Русија, откако ја суспендира Црноморската иницијатива, ги блокира и напаѓа украинските поморски пристаништа. Ова мора да престане. Бродовите со жито мора да имаат безбеден пристап преку Црното Море, истакна Мишел, додавајќи дека ЕУ се обидува да обезбеди алтернативни извозни патишта за извоз на храна од Украина, преку кои досега се испорачано 41 милион тони житни култури.

Тој оцени дека токму поради ваквото руско однесување, понудата на Москва за испорака на еден милион тони жито за африканските земји е апсолутно цинична.

Мишел се осврна и на проблемот со климатските промени, нагласувајќи дека поплавите, сушите и рекордно високите температури се закана за опстанокот на човештвото.

– Климатските промени не поштедуваат никого. Глобалното затоплување ќе го погоди секој од нас. Затоа, треба да дејствуваме заедно за да постигнеме климатска неутралност до 2050 година… Мора да бидеме амбициозни, а тоа значи тројно зголемување на капацитетите за обновлива енергија и удвојување на енергетската ефикасност до 2030 година, рече Мишел.

Нагласувајќи ја потребата од зголемени напори за обезбедување поправедна климатска транзиција, претседателот на Советот на ЕУ се осврна и на глобалниот финансиски систем, за кој оцени дека не е инклузивен, затоа што од него се исклучени многу делови од светот.

– Треба да го промениме ова. Мора да се справиме со слабостите во меѓународниот систем… За да ги достигнеме нашите амбициозни цели, ни треба амбициозно финансирање и силни партнерства меѓу владите и приватниот сектор. Порано или подоцна, ќе треба да го зголемиме капацитетот на банките да поддржуваат, да инвестираат, да ја помогнат брзината на напредокот на фондовите за климата и да помогнеме да ги постигнеме нашите цели за одржлив развој. Многу земји во развој страдаат под огромни долгови и ние мора да ја засилиме заедничката рамка што им е потребна на овие земји, потенцира Мишел.

Тој додаде и дека светот мора да се подготви за „следната глобална здравствена вонредна состојба“, за што е потребна мултилатералната координација при справувањето со огромните и непредвидливи предизвици на пандемиите.

Мишел во тој контекст потсети дека ЕУ пред две година даде предлог за старт на преговори склучување на меѓународен договор за глобалното здравје, кои се најавени да се одржат во мај идната година.

– Европската унија е конструктивен и доверлив партнер на меѓународната заедница. Ние сме силен глас за мултилатеризмот и поголема соработка меѓу народите. Овој Самит на Г20 доаѓа во критично време за мултилатерализмот и за иднината на светот. Ова се предизвикувачки времиња. Довербата е столбот на мултилатерализмот. Искрено се надевам дека овие два дена ќе помогнат да се изгради поголема доверба. Махатма Ганди еднаш рече: „Нашата способност да постигнеме единство во различноста ќе биде убавината и тестот на нашата цивилизација“. Ајде да се инспирираме од тие зборови. Можете да сметате на ЕУ, порача Мишел на прес-конференцијата во Њу Делхи.

Фото: Скриншот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.