Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити: Обвинителството докрај да го реши случајот со Онкологија, да се пријавуваат индикации за злоупотреби во здравството

0
By Blerina Tahiri on September 12, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Фатмир Меџити
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 12, 2023 14:36

Многу ми е жал за случајот со Клиниката за онкологија. Ние сме во секојдневна комуникација и со полицијата и со обвинителството. Нормално апелираме до обвинителството овој случај што побрзо да се разреши до крај како никогаш досега. Ние ја преземавме иницијативата уште пред еден месец пред да излезе во јавност случајот и го испративме таму ДСЗИ за да направи една контрола. Не случајно, јас како министер заедно со кабинетот за прв пат инициравме и полицијата и обвинителството да влезат на клиниката, за да евидентираат точно има или нема грешки во минатото. Според мои информации, тогашниот директор, специјалист става дијагноза, бара терапија  и тој самиот потпишувал и ја делел терапијата, истакна министерот за здравство Меџити во вестите на Алсат.

Министерот Меџити информираше дека од ноември 2022 кога е разрешен директорот, дојдена е друга медицинска директорка, која со неколку други методи од јануари 2023 почнала да го развива начинот на земање терапија и како се дава на пациентите.

-Клиниката има 2 оддели кои имаат свои управувачи. Секоја среда, сите се собираат и одлучуваат точно за дијагнозата, терапијата и дозата што треба да се аплицира кај пациентите. И јас претходната недела учествував на колегиумот каде фактички тие одлучуваат за терапијата и увидов дека потранспарентно и поодговорно од ова не може да биде. Исто така по овој состанок комуницирав и со пациентите по ходниците, јас сум 23 години лекар, сум хуманист и сум го дал заветот на Хипократ и не се плашам да зборувам со пациентите, затоа што тие се мои блиски и на сите мои колеги и ве уверувам дека тие имаа многу добри мислења за своите лекари кои ги водат, посочи министерот.

Воедно, министерот Меџити потсети дека секогаш апелира, од првиот ден, сите случаи, насекаде каде има индикации за злоупотреби во здравството со аргументи да се пријават во Министерството, лично кај министерот или во останатите институции.

-Пред два месеци претставник од компанијата што го има донесено системот КАТО беше кај мене и разговаравме за да го поставиме системот во функција. Системот не функционира бидејќи бившиот директор кажал усно, нема ништо напишано дека не вреди, дека има многу трошоци за одржување на системот, но сега ние анализираме заедно со советниците и директорите да го најдеме најдобриот начин. Да го ставиме системот КАТО или да ставиме нов систем за што еднаш засекогаш точно ќе ја контролира  и дозата дури во милилитри. Верувајте најзаинтересиран сум да има одговорност, тој што згрешил еднаш засекогаш да има име и презиме. Не може сите членови на лекарска комора да се стават под таков притисок. Врската помеѓу пациентите и лекарот е света. Ние имаме многу добри лекари, добри експерти. Но доколку некој згрешил тој треба да одговара, истакна министерот Меџити.

-Сакам да потенцирам за крај дека терапијата што се прима на онкологија е квалитетна и ги исполнува сите услови, јас ви гарантирам дека нема пациент кој не зема терапија која е препишана од експертите. Апелирам да не се злоупотребува случајот за дневна политика. Ве молам се работи за човечки животи. Ако му кажеш на пациент дека не е сигурен во болница, тој ќе го земе во свои раце своето здравје и тоа ќе го оштети здравјето на пациентите, рече министерот.

Случај Онкологија Фатмир Меџити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.