Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ

0
By Blerina Tahiri on September 15, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 15, 2023 12:06

Денеска, на Меѓународниот ден на демократијата, се фокусираме на ЕУ интеграцијата, на итноста земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ. Во изминатите две децении се соочивме со многу искушенија кои ја нарушија довербата на дел од јавноста дека европската агенда еден ден ќе стане реалност. Но, најтемниот час е пред зори, а сепак ЕУ и понатаму останува наша стратешка цел, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум.

Бесими напомена што значи од економски и финансиски аспект да се биде дел од ЕУ, кои се клучните придобивки и перспективи.

-Новите земји членки добиваат многу повеќе кохезивни фондови од она што го имале како кандидати за членство, а кохезивните фондови се двапати поголеми од ИПА фондовите. Буџетот на ЕУ за следните пет години е 11 пати повисок од оној што го имаме како кандидат со ИПА фондовите. Ние можеме да ја донесеме нашата разновидност, петприемништво, истакна Бесими.

Идејата на годинaшниот СЕФФ, како што рече, е да се отвори поширока дискусија за ЕУ како наша крајна дестинација.

-Ќе се отвори поширока дебата за ЕУ перспективите, за тоа колку брзо ќе станеме дел од ЕУ. Ќе ги покриеме темите како ние можеме да придонесеме за забрзување на европската и регионалната интеграција, за подобрување на деловното опкружување за поткрепување на економскиот просперитет. Ќе поминеме низ геополитиката и политиките, како и низ глобалните трендови и можности за економијата. Во зората на подобро, европско утре, со голем број нови можности за повисок животен стандард, безбедност и перспектива за сите наши граѓани, темата на годинашната конференција е „Европа – ДА, Европа – СЕГА“ или поописно „Европска интеграција и економски просперитет“, потенцира министерот.

Тој потсети дека членството во ЕУ, пред сè, значи пристап до пазар со повеќе од половина милијарда потрошувачи. Тоа, нагласи, обезбедува поттикнување на раст и конвергенција.

-Од микроекономска гледна точка, многу е полесно да се постигнат економии од обем, со што се повлекуваат помали трошоци преку поголем обем на производство. Благодарение на заедничките акции, заедничката трговска стратегија, таа е високо позиционирана на глобалната трговска сцена, при што билатералните трговски договори обезбедуваат отворање нови можности за синдикатите, рече Бесими во обраќањето.

Моментно пред присутните се обраќа и премиерот Димитар Ковачевски, а по него излагање треба да има и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.

Бесими СЕФФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.