Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска: Ќе следи широка јавна расправа за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка по добивање на мислењата од ЕУ и Венецијанска комисија

0
By Ана Василевска on September 21, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 21, 2023 14:33

Работната верзија на текстот на предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, која изминатиов месец ја подготвуваше работната група предводена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ќе се достави до Европската Унија и Венецијанската комисија.

По добиените мислења, предлог законското решение ќе биде разгледувано на јавна расправа пред пошироката јавност, со цел да се донесе функционален и применлив закон, усогласен со меѓународните стандарди.

На денешниот состанок на работната група, соопштија од Владата, покрај вицепремиерката Славица Грковска, присуствувал и министерот за правда Кренар Лога. Грковска и Лога биле согласни дека овој закон е неопходен за да се зајакне борбата против корупцијата во нашата држава.

– Со законот ќе се овозможи воспоставување на дополнителен механизам за успешно спречување на неосновано збогатување и конфискација на имот кој не бил стекнат од законски извори, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Работната група која го подготвува овој закон е составена од претставници на Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, Агенцијата за управување со одземен имот, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија – Канцеларија за поврат на имот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, Управниот суд, Државното правобранителство, претставник од академската заедница, како и претставници на  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството.

Закон за конфискација на имот Измени во КЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

ВЕСТИ April 29, 2026

Цените на нафтата на светските пазари нагло скокнаа по веста дека Соединетите Американски Држави подготвуваат…

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.