Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се подготвуваат и други одлуки за олеснување на товарот од инфлациските движења

0
By Blerina Tahiri on September 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 27, 2023 15:44

Зависно од движењата на пазарот, ќе следуваат и други одлуки за олеснување на товарот од инфлациските движења, а тие одлуки веќе се подготвуваат во Министерството за економија, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски, при посетата на компанијата „Горска“ која како производител на безалкохолни пијалоци и вода, се приклучи кон владината мерка за гарантирана цена  и на пијалоците и нивно поевтинување за 10 проценти.

Ковачевски истакна дека компаниијата излегува во пресрет на потрошувачите и ги повика сите други компании да се вклучат во поддршката на мерките со кои, како што потенцира, се обезбедува стабилност на цената на домашниот пазар.

На вчерашната владина седница листата на производи со гарантирана цена беше проширена со безалкохолните пијалаци, газираната  и негазираната вода и пивото и беа намалени маржите кај овошјето и зеленчукот, со што се намалуваат дополнително цените на овие производи во износ до 30 проценти.

Со претходните мерки, наведе премиерот, ја намаливме цената за 10 отсто на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млекарската, месната индустрија во однос на цената која што ја имале на 1 август оваа година.  Со оваа мерка кај одредена категорија на производи, веќе има намалување на цените за 10 проценти, а кај некои намалувањето е од 30 до 40 проценти, и тоа е многу видливо во маркетите ширум државата.

-Овие одлуки се практично континуитет во серијата на одлуки кои ќе се носат во претстојниот период, а со кои ќе се штити интересот стандардот на граѓаните,  како и компаниите и воопшто целиот пазар на широка потрошувачка во државата,  изјави Ковачевски.

На вчерашната седница на Владата исто така беше донесена и одлука со која се укинати увозните давачки за млечните производи со масленост над 10 проценти, што се очекува, според премиерот, да се одрази со намалување на цените и на овие производи.

-Донесовме одлука и за намалување на увозните давачки на увоз на свеж зеленчук и ориз, како и укинување на увозните давачки за увоз на лимони, портокали, мандарини и други производи од овој вид.  Зависно од движењата на пазарот, ќе следуваат и други одлуки за олеснување на товарот од инфлациските движења, а тие одлуки веќе се подготвуваат во Министерството за економија, изјави Ковачевски.

Апелира до трговците и производителите да се придржуваат до новите и веќе донесените мерки,  посочувајќи дека пред се, се граѓани на државава, а компаниите кои ги водат се изградени со купување на нивните производи на домашниот пазар.

-Многупати досега имам кажано дека нема да дозволиме некој да се богати на грбот на граѓаните и кризата која што не засега сите, инфлацијата која што не засега сите, мора да направиме граѓаните да се изборат со високите цени, со инфлацијата, и да работиме заедно на намалување на цените и на зголемување на животниот стандард на граѓаните.   Затоа и во претходниот период, како и сега, секогаш кога сме забележувале негативни економски движења, сме интервенирале брзо и со конкретни таргетирани мерки коишто ги контролирале имплациските текови во државата. Преку конкретни мерки покажавме и дека што поскоро да ги спречиме ценовните шокови за населението и со новите мерки да постигнеме економска стабилност, рече Ковачевски.

Тој најави дека по одлуките за гарантирана цена на производите ќе стартува и сетот со мерки за повисоки плати и пензии,  повеќе средства за социјална помош, за субвенции за земјоделците. Со деветтиот пакет на антикризни мерки што е во подготовка ќе има повеќе средства за поддршка на ранливите категории и на ликвидноста на компаниите.

-Очекувам во наредниот период да ги амортизираме ценовните притисоци, растот на цените иинфлацијата. Истата да ја сведеме на ниво до 8 проценти, додека кај храната на ниво до 5 проценти. Верувам дека заедно сите ќе успееме во оваа цел која ја имаме поставено, и успешно да се справиме со предизвиците кои се наоѓаат пред нас, изјави Ковачевски.

Посочувајќи дека пред нас е уште една тешка зима, повтори дека никој нема да биде оставен сам.  Оцени дека енергетската криза во изминатиот период е искористена како шанса за нови инвестиции и оти во државата веќе имаме на мрежа нови 420 мегавати обновливи извори на енергија.  Оваа недела, како што најави, во државава ќе биде пуштена во употреба и најголемата соларна централа во сите земји на Западен Балкан.

Како што соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши, анализата за реализацијата на мерките за намалување и замрзнување на цените на прехранбените производи и нивниот ефект, покажала дека заштедата на домаќинствата  изнесува 2.070 денари.

-Споредено од 1 август цените во малопродажба и тие на 20 септември  речиси секое домаќинство во државава има заштеда од 2.070 денари од сите производи за кои има замрзната цена. Тука не влегуваат пијалаците, со кои согласно нашите проекции заштедата би достигнала 2.400 до 2.500 денари, изјави Бектеши.

изјава Ковачевски мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.