НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лога најави дека повторно ќе го донесе Упатството за водење на матични книги

0
By Ана Василевска on September 28, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда Кренар Лога најави дека по дополнителни консултации повторно ќе го донесе Упатството за водење на матичните книги, кое Уставниот суд, вчера со мнозинство гласови го поништи, ценејќи дека одлуката е спротивна на Уставот.

Во изјава за медиумите, по денешниот брифинг во Министерството за правда, Лога рече дека по вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на Упатството, верува „дека правната сигурност во државата е прекршена“.

– Јас ја поздравив одлуката на Уставен суд донесена вчера и во релативно кратко време тие донесоа одлука која е спротивна со одлуката донесена од ист суд за ист Устав во 2004 година кога се оспоруваше Законот за државјанство кој беше повеќе од 31 ден надвор од уставниот рок. Сега со оваа одлука верувам дека правната сигурност во државата е прекршена бидејќи се работи за ист суд, за ист Устав и од другата страна со ова се дозволува на министерот во соодветен уставен рок од седум дена да потпишува ново упатство, така што јас најавувам дека со дополнителни консултации истото упатство ќе биде донесено од моја страна, изјави Лога.

Лога, вчера ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која се укинува Упаството за водење на матичните книги, потпишано од него во мај годинава и порача дека очекува „судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи“.

Според Уставниот суд, не бил испочитуван законски утврдениот рок за објавување во службен весник.

Уставниот суд на вчерашната седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда.

Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на прес-конференција вчера информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник.

– Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска.

Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство.

Уставниот суд на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.

Кренар Лога Управа за водење на матични книги
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.