Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции на Форум на жени и ПГ на СДСМ: Лагите на Дафина Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби

0
By Jane Gjorgioski on September 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 28, 2023 18:53

Форумот на жени СДСМ, реагира на обвинувањата од пратеничката Дафина Стојаноска кон вицепремиерот Маричиќ.

„Лагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби Недозволиво е да се злоупотребува собраниската говорница за изнесување лаги, тоа граѓаните не го заслужуваат. Секојдневно ги слушаме лагите на Дафина Стојаноска кажани од собраниската говорница. Ваквото однесување на пратеничката која не штеди отровни зборови се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби и не се во интерес на македонскиот парламент. Маричиќ бил и е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на македонските прогресивни и демократски политики.“, се наведува во реакцијата од Форумот на жени СДСМ.

Пратеничката Стојаноска од собраниската говорница за време на седницата на која се поставуваат пратенички прашања, го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека ѝ испраќал бакнежи и ѝ намигнувал зад грб.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ во објава на Фејсбук, го демантира обвинувањата од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска и вели дека „со пратеничката ниту имал било каква комуникација ниту ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака“.

Реагираше и пратеничката група на СДСМ, кои истакнаа дека обвинувањата се „лаги на Стојановска и кулминација на нервозата во ДПМНЕ со блокада на пратеничките прашања.

Пратеничката група на СДСМ попладнево во Собранието на прес-конференција ги оцени денешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ како потврда за разединетоста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Лагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на сите коишто се бориме за родова еднаквост. Недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги, тоа граѓаните не го заслужуваат, рече пратеничката Лолита Ристова од СДСМ.

За вицепремиерот за европски прашања, рече дека е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на прогресивните и демократски политики.

 

Бојан Маричиќ Дафина Стојаноска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.