НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски денови на културно наследство 2023: Во фокусот на темата „Живо наследство“

0
By Ана Василевска on October 2, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжува до денес.

Во септември, секоја година,, настаните на ЕДКН, често наречени отворени денови на наследството, се одржуваат во земјите-членки на Европската културна конвенција, вратите се отворени за бројни споменици на културата и локалитети, овозможувајќи им на граѓаните на Европа да уживаат во бесплатни посети, да научат за нивното заедничко културно наследство, охрабрувајќи ги активно да се вклучат во заштитата и унапредувањето на наследството за сегашните и идните генерации.

Живо наследство

Овогодишната тема на Европските денови на културно наследство е „Живо наследство“.

„Живо наследство“ се однесува на практиките, знаењата и вештините кои се пренесуваат од една генерација на друга, а се користат и денес. Различни вештини, занаети и професии ни овозможуваат да го одржуваме и зачуваме нашето наследство на многу начини. Оваа тема ни дава можност да погледнеме одблизу на работата што ја вршат чуварите на нашето наследство, токму благодарение на луѓето кои го пренесуваат своето знаење на идните генерации.

Традиционално, Националната галерија е дел од манифестацијата.  На 29ти септември 2023, во просториите на Чифте амам се реализираше работилница за деца посветена на делото на Дичо Зографот. Оваа активност организирана од едукаторот Маја Димитрова е дел од низата настани во рамките на Европските денови на културно наследство (22-29 септември 2023). На работилницата учениците од ОУ „ Невена Гергиева Дуња“, Скопје имаа можност да добијат основни познавања за животот и творештвото на најпознатиот македонски зограф од 19тиот век. Работилницата течеше  преку разговор и креативна активност-боење цртежи инспирирани од мотивите на икони и фрески создадени од Дичо Зографот и неговата тајфа.

Автор на боенката е Анета Гергиевска Шајн, историчарка на уметност која што веќе неколку децении живее во САД.

Културното наследство во едукацијата е еден од мотивите за разбирање на историјата и подигнување на свеста за неговото значење.

 

Европски денови на културно наследство 2023
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.