Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрискиот амбасадор Памер: За Северна Македонија предлагаме забрзана интеграција за пристапување во фази пред затворање на сите поглавја

0
By Jane Gjorgioski on October 12, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 12, 2023 18:49
Амбасадорот на Австрија во нашата земја Мартин Памер во интервју за Рацин.мк открива повеќе деталји за документот „Забрзување на постепената интеграција за Западен Балкан“ што минатата недела му го врачи на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Нонпејперот кој во име на Австрија е доставен и до највисоките претставници и институции на ЕУ, се совпадна со неформалниот самит на ЕУ во Гранада, на којшто проширувањето беше една од двете централни теми заедно со мигрантската политика, препорачува забрзување на процесот за пристапување на Западен Балкан во ЕУ, односно за постепено пристапување.

„Да кажам поедноставно, тоа значи да им овозможиме на нашите партнери од Западен Балкан, односно на Северна Македонија, да учествува со поголемо вклучување и во повеќе програми и форуми на ЕУ, таму каде што може да партиципира и каде што има смисла. Тоа практично значи да се подобри процесот на евроинтеграција“, истакнува за Рацин.мк амбасадорот Памер.

Тој нагласува дека „досега процесот беше базиран на исполнување на обврските од поглавје во поглавје којшто беше прилично бавен со мали резултати од аспект на гледната точка на граѓаните“.

„Сега сакаме тој процес да го забрзаме. Зошто? Затоа што сега зборуваме за комплетно промената геостратегиска ситуација во Европа, но најмногу и заради тоа што нашите партнери во регионот, поточно Република Северна Македонија заслужуваат да бидат дел од ЕУ“, потенцира за Рацин.мк амбасадорот Памер.

Памер се согласува дека документот кој препорачува забрзување на процесот за евроинтеграција на Северна Македонија се поврзува со најавата за новото проширување на ЕУ во 2030 година.

„Неопходно да се одреди датум за да се добие одредена перспектива затоа што процесот е веќе предолг и од стратешка гледна точка потребно е се забрза процесот. Нема смисла да се чека на секој параграф, аспект или било која друга обврска да биде исполнета за да кажеме сега можете да станете членка на ЕУ. Многу подобро е да ги вклучиме нашите партнери таму каде што веќе ефикасно придонесуваат, учествуваат и на тој начин да ги уживаат погодностите на ЕУ. Значи станува збор за постепена интеграција. Можеби 2030 година за некои земји е прерано, а за некои може да е и предоцна. Но, важно е да имаме предвид каде одиме, да продолжиме и да забрзаме“, вели амбасадорот Памер.

Тој смета дека овој процес не смееме да се одлага и дека тоа се однесува и на земјата и на ЕУ. „Многу добро знаеме дека за секоја земја од регионот одлагањето на евроинтеграцискиот процес значи проблеми. Во однос на Северна Македонија уставните измени се суштинско прашање. Од широка перспектива тоа прашање тоа е домашно прашање кое треба да биде завршено пред изборите следната година. Многу подобро е таа работа да се заврши сега отколку да се одлага“, посочува во интервјуто за Рацин.мк амбасадорот на Австрија Мартин, што во целост ќе биде објавено утре.

Австрија ЕУ Мартин Памер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.