НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Трејлер) Премиера на горчливата бајка „Лена и Владимир“ на Игор Алексов во Скопје: Љубов меѓу „убавицата и ѕверот“ наспроти суровата реалност

0
By Ана Василевска on October 19, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дебитанскиот игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“, вечерва во 20 часот ќе ја има и скопската премиера во киното „Синеплекс“. Филмот, ќе се прикажува и во „Милениум“, како и во други кина низ Македонија, како што се „Киноверзум“ во Штип и Велес.

Покрај бајковиот свет кој е прикажан во македонскиот филм „Лена и Владимир“ , претставени се и горливи проблеми од  општествено милје како нефункционални домови за сираци, корумпирани службеници, директори митаџии…Главниот женски лик Лена, кој го игра младата и амбициозна Сара Климоска, е дете кое родителите го оставиле уште во пелени. Расте во дом за сираци сексуално злоставувана од врсници, доктори, управникот на Домот и други лица на функции. Таа бега од домот, а од сивилото на животот ја спасува Владимир, кого го игра извонредниот Тони Наумовски, прикажан како самотник кој живее во магичен дел од шумата каде владее вечна пролет. Пред девет години ги изгубил жената и ќерката која би била на возраст колку Лена, во пожар предизвикан од плинска боца, од што унказано е и неговото лице. Тие со Лена градат посебна врска, таа се вљубува во него, а тој се однесува татковски. На крај ја спасува од макроата кои го убиваат него, а нив пак ги докрајчуваат група повозрасни жители од заборавеното село.

Инаку филмот е снимен по дело на Александар Русјаков, дејството наликува на бајаката „Убавицата и ѕверот“. Владимир како  ѕверот од приказната со изгорениците на лицето, на Франкештајн по облеката, но на пролет по добрината во срцето, па затоа и неговиот дел од шумата е топол кога секаде има снег. За да го долови ликот Наумовски носел комплицирана маска на лицето која создавала за 10 степени повисока температура.

Од прес конференцијата на „Браќа Манаки“: Александар Русјаков, Сара Климовска, Душан Кардалевски

Кинематограферот Душан Кардалевски на прес конференцијата на фестивалот ИФФК Браќа Манаки рече дека оваа приказна е магичен реализам, па користел различни типови на објективи за да се прикаже различните светови на Лена, Владимир и на селаните.

Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуценти се и „Дрим фектори Македонија“, како и српската „Терирем“. Филмот е подржан од Агенцијата за филм на РСМ.

 

„Лена и Владимир“ Агенција за филм на РСМ македонски филм Сара Климовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.