Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуле: Пописниот процес оди кон неуспех, има сериозни прекршувања во однос на малцинствата

0
By Ана Василевска on October 23, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 23, 2023 11:31

Лидерот на грчката партија за заштита на човековите права, ПБДНЈ и пратеник во албанскиот Парламент, Вангел Дуле, во изјава за медиумите изрази резервираност за пописните резултати, пред сè за веродостојноста на податоците за националните малцинства.

Дуле нагласи дека за пописот немало ангажирани попишувачи од малцинствата, што условило етничката припадност да ја пишуваат како што тие сакаат или воопшто да не ја наведуваат, додавајќи дека „сериозните прекршувања водат до неуспех на овој процес“.

Пописот на населението во Албанија почна на 18 септември и предвидено е да заврши на 30 овој месец. Пописниот формулар содржи 100 прашања, при што за три од нив, етничка и верска припадност и мајчин јазик, одговорот е незадолжителен.

Дуле го изнесе и незадоволството од процентот на реализација на обврските од страна на Владата, предвидени со законот за заштита на малцинствата.

– Нашата земја ја потпиша конвенцијата за заштита на малцинствата во 1995 година, а потоа ја ратификуваше. Сè уште има изразени недостатоци кои го отежнуваат спроведувањето на правата на припадниците на националните малцинства. Во време кога законот за малцинства беше изгласан во Собранието во 2017 година, ветувањето беше дека до мај 2018 година ќе бидат спроведени обврските предвидени со законот, но за жал, Владата се уште нема реализирано некои од нив, кои се од специфично значење, рече Дуле.

Покрај другото, тој незадоволство искажа и од работата на Комитетот за национални малцинства.

– Би можел да споменам и други аспекти на законодавството, но би отишол на второто ниво, тоа на институциите за следење и гарантирање на националните права на малцинствата. Го имаме комитетот за заштита на малцинствата, но, за жал овој, комитетот има поинаква мисија од онаа за која е предвидено со закон, рече Дуле.

Комитетот за национални малцинства е владин орган во кој членуваат претставници од сите признаени национални малцинства во оваа земја.

Албански парламент Вангел Дуле Малцинства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.