Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Соработката со Музејот „Ашмолеан“ ја зголемува достапноста на нашето културно богатство пред британската јавност

0
By Blerina Tahiri on October 24, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 24, 2023 15:57

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска престојува во работна посета на Лондон каде што ќе присуствува и на настанот по повод одбележувањето на јубилејот – 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство.

Во рамките на престојот, Костадиновска-Стојчевска, придружувана од вршителот на работите во македонската амбасада во Лондон, Билјана Глигорова и од Славица Вајт, претседателка на Фондацијата „Трајковски“, денеска го посети Музејот за уметност и археологија „Ашмолеан“ при Универзитетот во Оксфорд.

За време на посетата водичот Грахам Форбс ја запозна министерката  за култура со историјатот и развојот на Музејот,  како и со богатите колекции  кои содржат различни предмети – од египетски мумии до примероци од современата уметност, експонати кои раскажуваат човечки приказни низ културите и низ времето.

Според Костадиновска-Стојчевска, „Ашмолеан“ е првиот универзитетски музеј, кој со својата околу четиривековна историја е една од најпознатите институции од ваков вид во светот со која Министерството за култура има потпишано Меморандум за разбирање, кој отвора можности за реализација на повеќе проекти и иницијативи.

– Како резултат на таа соработка, девет теракотни икони, кои датираат од 5 и 6 век и се вбројуваат меѓу најексклузивните наоди во историјата на македонската археологија, пред пет години беа дел од големата изложба во организација на „Ашмолеан“, „Религијата во големите империи“ – рече министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека изложбата која траеше шест месеци предизвика голем интерес во јавноста и е од исклучително значење за афирмација на македонското, но и на светското културно наследство.

Во тој контекст, Костадиновска-Стојчевска изрази голема благодарност до претседателката на Фондацијата „Трајковски“, Славица Вајт, за ангажманот за унапредување на соработката меѓу институциите од Република Северна Македонија и од Обединетото Кралство. Воедно стана збор и за идната соработка во насока на презентирањето на нашето културно богатство пред пошироката британска јавност, како и за  донациите на книги за македонските институции.

Еден од приоритетите на Владата и на Министерството за култура е токму заштитата на културното богатство со кое располагаме и неговата  презентација во меѓународни рамки. Во таа насока, од особено значење би била поголемата имплементација на овој документ во функција на размена на изложби, соработка во сферата на културното наследство, престои на куратори, усовршувања или истражувачки проекти“ – рече министерката за култура.

Музејот „Ашмолеан“ е основан во 1683 година како модел на институција која ги комбинира функциите на локација на која се депонирани ретки и куриозни експонати и на образовен центар кој врши истражувања. Музејот располага и со најголемата збирка цртежи на Рафаел, извонредните англосаксонски богатства и најважната збирка на модерното кинеско сликарство во западниот свет. Историските збирки на „Ашмолеан“ се составен дел од интелектуалното наследство на Универзитетот и имаат значајна улога во истражувањата и во наставата над  триста години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.