Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првиот извештај за имплементацијата на Стратешкиот дијалог Северна Македонија – САД пред Владата

0
By Ана Василевска on October 25, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 25, 2023 10:51

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на вчерашната седница на Влада го презентираше првиот Извештај за статусот на имплементација на проектите од Планот за активности во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Извештајот е подготвен од Министерството за надворешни работи, како координатор на целокупниот процес, врз основа на кварталните извештаи за реализирани активности доставени од страна на надлежните министерства, владини институции и агенции.

Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан која одржа Стратешки дијалог со САД на 2-ри јуни минатата година, во Вашингтон. Со тоа, билатералните односи меѓу двете земји се издигнаа на повисоко ниво, зајакнувајќи го стратешкото партнерство и долгогодишното сојузништво меѓу двете земји. Во рамките на првиот состанок на стратешкиот Стратешкиот дијалог беа дефинирани повеќе области пред сѐ од билатерално значење, но и од регионлаен и глобален интерес. Како клучни области за соработка беа посочени: регионални иницијативи; одбрана и безбедност; врски меѓу луѓето; билатерална соработка, добро владеење и владеење на правото; трговија и инвестиции итн, соопшти МНР.

Целта на Стратешкиот дијалог е преку потесна соработка да се зајакне придонесот на САД во рамките на спроведувањето на домашната реформска агенда, зајакнување на демократскиот напредок и развој на земјава, зголемувањето на нивото на безбедноста, подигнување на животниот стандард на граѓаните, како и остварување на взаемните интереси на двете земји од регионален и глобален аспект.

Од овој аспект, во рамките на Стратешкиот дијалог, во областа „Регионални иницијативи” остварена е потесна соработка и обезбедена поддршка од САД за нашите претседавања со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) како и САД – Јадранската Повелба (А5). Двете земји имаат заеднички интерес за подлабоко присуството и на САД на Балканот, како еден од најважните двигатели на развојот и стабилноста на регионот.

Во изминатиот период во делот „Одбрана и безбедност”, преку Стратешкиот дијалог беа одржани заеднички обуки и вежби со САД, вклучително и со регионалните сојузници; обезбедена беше американска поддршка за континуиран развој на способностите на Северна Македонија за постигнување на НАТО целите, како и соработка за јакнење на способностите за сајбер одбрана.

Преку проектите од областа „Врски меѓу луѓето” се работи на јакнење на образовната соработка, како и подигнување на свеста за медиумската писменост, што е значајно за градење на општество кое ќе бара отчетност од јавните институции. Дополнително, зајакната соработка во рамките на културната размена ќе придонесе за поврзување на народите од двете земји, како и за развојот на нашите уметници и нивно претставување на светската сцена.

Соодветно на веќе утврдените приоритети, во тек е реализацијата на проектите и во делот „Билатерална соработка, добро владеење и владеење на правото”, со посебен акцент на борбата против корупцијата, за што веќе беа реализирани и бројни посети од високи претставници на САД.

Во рамките на Извештајот беше нотирана и зајакнатата соработка во рамките на Стратешкиот дијалог во делот на „Трговија и инвестиции”, бизнис соработката, здравството итн.

Министерството за надворешни работи, ќе продолжи да го следи текот на реализација на Планот на активности во рамките на Стратешкиот дијалог и редовно да информира на Влада за статусот на реализација на проектите.

Влада стратешки дијалог со САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.