Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој се плаши од претседателски избори

0
By Ана Василевска on October 31, 2023 КОЛУМНА
Љубиша Николовски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 31, 2023 11:21

ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Изборот за претседател од секогаш бил посебен изборен процес и граѓаните имаат право со сето свое внимание да се посветат на изборот на кандидатот за претседател.
Граѓаните досега го препознавале значењето на функцијата претседател и историјата покажува дека гласовите што ги давале на претседателските избори речиси секогаш биле драстично повисоки од оние на партиите, па дури и од партијата која на парламентарните избори тие самите ја подржувале.

Зошто во јавниот дискурс се наметна мислење дека редовните претседателски избори не треба да се одржат засебно, во редовниот термин, независно од парламентарните кои треба да следат два месеци подоцна!

Всушност заеднички избори имало само два пати за 23 години независна Македонија. Еднаш во 1994 и втор пат во 2014 година.

Имено, изборот за претседател од секогаш бил посебен изборен процес. Затоа што граѓаните имаат право со сето свое внимание да се посветат на изборот на кандидатот за претседател, достоинствена функција што заслужува целосен респект и почит, онака како што е и според Уставот. Претседателот имено ја претставува Републиката, тој е нејзиното лице пред светот. Тој меѓу другото треба да претставува и своевиден баланс на извршната власт која доколку е апсолутна може да забега во недемократски води.

Оттаму и законодавецот предвидел Претседателот да се избира на општи и непосредни избори, за да има свој посебен легитимитет добиен од граѓаните. И не случајно се избира на пет години, една година повеќе од мандатот на Владата, за да може да биде во опозиција или да мора да  кохабитира доколку дојде до премена на власта.

Граѓаните досега го препознавале значењето на функцијата претседател и историјата покажува дека гласовите што ги давале на претседателските избори речиси секогаш биле драстично повисоки од оние на партиите, па дури и од партијата која на парламентарните избори тие самите ја подржувале.

Во 1994 на пример претседателот Киро Глигоров добил 715 000 гласа што е за два ипол пати повеќе од она што истата година ги добил СДСМ.

Борис Трајковски пак во 1999 добил 582000 гласа или колку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно, една година пред тоа.

Бранко Црвенковски на претседателските ибори освојува 550 000 гласа што е повеќе од најголемото достигнување на СДСМ или на било која партија на парламентарни избори во 2002 та со 497000 гласа.

Во 2009 година Ѓорѓе Иванов е скоро изедначен со гласовите што ги добива Никола Груевски како лидер на ВМРО ДПМНЕ во врвот на славата кога освојува дури 63 пратенички мандати. А во 2014 кога се одржуваат заедно претседателските и парлементарните освојува дури 534000 гласа и го надминува и ВМРО-ДПМНЕ.

Слично е и со Стево Пендаровски кој на иборите 2019 добива доверба еднаква колку и СДСМ на парламенгтарните 2016, или 436000 гласа, Со таа бројка останува ненадминат и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ поединечно на парламентарните 2020 кога и едните и другите имаат по 325 000, односно 315000 гласови.

Ова значии дека претседателските избори имаат свое посебно значење меѓу граѓанството во државата и не можат да бидат некаков приврзок на парламентарните каде се гласа за листи на главно непознати партиски членови по избор на партискиот лидер.

Дополнително, за време на парламентарните избори доминираат негативните партиски кампањи во кои се пласираат лични навреди и понижувања на политичките противници, има повеќе ниски уради одошто презентација на програмските платформи и визија за иднината на државата.

Но, треба да се има предвид дека инсистирањето на одржување заеднички, претседателски и парламентарни избори доаѓа од страна на партиите кои немаат сооодветен претседателски кандидат. На тој начин сакаат  да го мобилизираат своето гласачко тело за освојување на извршната власт, додека претседателската функција ја маргинализираат и таа треба да им послужи само како „спотер“ која подоцна ќе ја маргинализираат.

Сепак не смее да се заборави дека поголемиот дел македонски претседатели оставиле своја трага и печат во историјата на земјата без разлика што во жарот на политичките битки биле најчесто негирани и оспорувани било од партијата што ги подржала било од спротивната политичка опција.

Сетете се само на  авторитетот на првиот претседатл Киро Глигоров и неговата улога во моментите на создавање на македонската државва. Или на сенародниот претседател Борис Трајкоски кој за сите беше едноставно Борче и кој одигра клучна улога во време на конфликтот 2001-та. Граѓаните во полн капацитет се изјаснуваа за другите свои претседатели вклучувајќи ги и Бранко Црвенковски, Ѓорѓе Иванов како и актуелниот Стево Пендаровски.

Сите тие и сите идни претседателски кандидати заслужуваат посебен изборен пристап во кој граѓаните ќе се изјаснуваат само за нив, а не во измешан пакет за кој нема да се знае кој за кого на која листа ќе гласа.

Приказните за зголемени изборни трошоци, доколку се одржуваат засебно претседателските и парламентарните, се само покритие за стравот дека ќе ги загубат претседателските избори и дека така ќе им падне и рејтингот на кој толку многу сметат и на кој сакаат да се „возат“ и за претседателскиот кандидат.

Трошоците ќе бидат толкави колку самите партии се спремни да заштедат затоа што токму тие и нивните кампањи се всушност најскапите субјекти во изборниот процес и најголемите потрошувачи на нашите народни пари. Ако се потрудат да бидат малку поштедливи во кампањата, изборите секако нема да чинат драстично повеќе од вообичаеното.

Извор: Рацин.мк

претседателски избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.