НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Се грижиме за сите и креираме мерки за граѓаните празниците да ги поминат со полна трпеза

0
By Ана Василевска on November 1, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во подготовка сме на буџетот за следната година, предвидуваме антикризни мерки кои ќе бидат солидарни и правични, насочени кон сите, за граѓаните да може да ги поминат празниците со полна трпеза, мерките тоа ќе го гарантираат“, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при неговото гостувањето во емисијата „Македонија наутро“, која се емитува на Националната радио телевизија.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека една од најранливите категории се пензионерите и кон нив ќе бидат насочени дел од антикризните мерки.

„Вистински е потребата една категорија на граѓани која секако ќе биде опфатена, а тоа се пензионерите. Затоа што навистина сметам дека реформите кои навистина ги започнавме кај пензискиот фонд и пензионерите со нова методологија за усогласување на пензиите дава ефект, но никој не предвидуваше дека ќе имаме економска криза. Секако дека најранливите, а тоа се пензионерите, ќе бидат повеќе погодени и затоа сметам дека поголем дел од мерките треба да отидат кај пензионерите како целна група, но и другите, како младите и други“, рече вицепремиерот Битиќи.

Зборувајќи за замрзнувањето на цените за одделни производи во трговијата на мало, вицепремиерот Битиќи посочи дека со укинувањето на забраната за акции и промоции во маркетите, што е направено по барање на трговците и тоа дозволува дополнително поевтинување на производите.

„Ние ги следиме работите со гарантираните цени, највеќе доаѓаат од трговците, они побараа да се укине забраната за акции на производи затоа што тоа им дозволува на нив да ги поевтинат производите. Тоа ни укажува во суштина дека имавме право кога велевме дека има вештачко зголемување на цените на одредени производи, затоа што сега со гарантирани цени, плус со акции, можат да се намалат цените, што укажува дека нешто се случуваше“, изјави вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека со гарантираните цени им се помага на најранливите категории на граѓани, притоа посочувајќи и на зголемувањето на платите.

„Сметам дека на најранливите категории на граѓани треба да им се помогне, гарантираните цени исто така ќе треба да помогнат и секако со напорите за зголемување на платите“, рече вицепремиерот Битиќи.

смрзнати цени Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.