НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ по Извештајот на ЕК: Мит е дека Македонија има време за чекање

0
By Ана Василевска on November 10, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Маричиќ на итервју во ТВ21
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството на Македонија во ЕУ го става во неизвесност и реформскиот процес, е оценката на вицепремиерот Бојан Маричиќ искажана на заедничката прес конференција со еврокомесарот Дејвид Гир. Повод за прес конференцијата беше вчера објавениот Извештај за напредок. Вицепремиерот оцени дека првичната анализа на овој документ покажала напредок во 80 проценти од поглавјата, а не е нотирано назадување во ниту едно од поглавјата.

-Значи, има нула назадувања, констатираше вицепремиерот Маричиќ.

Според него, нема никакви дилеми дека одлуката е само во наши раце, а прифаќањето на уставните измени останува предуслов кој не можеме да го прескокнеме.

-Лажна приказна, мит, но и неодговорна и опасна политичка позиција е дека Северна Македонија има луксуз да чека или дека може да постигне подобар договор во иднина. Уверен сум дека со национален консензус и со максимално вложување на Владата како носител на преговорите, но и на сите засегнати страни можеме да ја исполниме заложбата да бидеме подготвени за членство во ЕУ до 2030 година, изјави Маричиќ.

Од првичната анализа на Извештајот на ЕК произлегува важна порака – имаме напредок во 80 проценти од поглавјата, а не е нотирано назадување во ниту едно од поглавјата. Значи, има нула назадувања, констатираше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Извештајот е показател за тоа што треба да се направи

За Маричиќ, наводите во овој Извештај  се сметаат за важен показател за она што се случува и за она што треба да го прават и ги прифаќаат укажувањата.

-Во најголем дел од поглавјата сме со соодветно ниво на подготвеност. Како што рече, оценката за вкупната подготвеност на државата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“ и е солидна константа веќе неколку години наназад. Но, одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството на Северна Македонија во ЕУ го става во неизвесност и реформскиот процес, изјави Маричиќ, според кого, важна констатацијата на Комисијата дека процесот на скринингот се одвива непречено, успешно и дека земјата и Владата покажуваат високо ниво на посветеност.

Во делот на Кластерот Фундаментални вредности, смета Маричиќ, Европската Комисија констатира дека Македонија продолжи со напорите за зајакнување на демократијата и ја покажа својата посветеност да испорача резултати.

-Сè што е наведено во Извештајот, ни е добро познато и силно се работи на решенијата. Пример за тоа дека предизвиците се детектирани од наша страна и дека на нив работиме за да најдеме соодветни решенија, е работата на Судскиот совет. Ние го согледавме проблемот во функционирањето на Судскиот Совет и затоа побаравме оценска мисија од Европската Унија, која веќе е во тек. Сега ги очекуваме наодите и препораките и останува секоја соодветна институција во рамките на своите надлежности во правосудството, да ги имплементира, рече Маричиќ.

Предизвици

Сепак, за Владата остануваат предизвици во делот на јакнење на капацитетите на независните тела, како Народен правобранител, Комисија за заштита и спречување од дискриминација, потоа унапредување на правата на лицата со посебни потреби, и особено во подобрување на состојбите во затворите и притворите.

Евроамбасадорот Гир Извештајот го оцени како искрен и праведен, со загриженост за тоа дека нема напредок во борбата против корупцијата, но и зголемување на корупцијата на високо ниво.

-Изразена е загриженост за политичка поларизација, особено при гласањето за реформи. Процесот на проширување на ЕУ бара консензус за клучните реформи. Извештајот ја забележува прекумерната, понекогаш непотребна, употреба на знамето на ЕУ. Има злоупотреба на знамето за Кривичниот законик и законите за коридорите 8 и 10-Д. Не е постигнат напредок во владеењето на правото. Недостига доверба во судиите, но и разрешување на поранешниот прв човек на судскиот совет. Апелираме да се одобрат препораките и ве потсетуваме на препораките од претходните години кои не се имплементирани“, кажа Гир.

Покана од ЕУ

Ден по објавувањето на Извештаите за напредок на десет земји, вклучително и за Македонија, стигна веста дека Советот на постојани претставници на ЕУ го усвои Писмото со кое се упатува покана до земјава да ги подготви патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација за отворање преговорите по кластерот 1 „Фундаментални вредности“.

По одлуката на Советот, министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека со ова успешно е завршена уште обврска која не носи поблиску до отворање на кластерите и поглавјата во насока на забрзана ЕУ интеграција.

– Добра вест од Брисел! Вчера, Советот на ЕУ го усвои писмото со кое сме поканети да ги подготвиме патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација за отворање на кластерот 1 Темели“, напиша Османи.

На почетокот на август, Европската комисија го објави и ни го достави нацрт скрининг извештајот за кластерот 1 „Фундаментални вредности“. Овој Извештај содржи оценки засновани на информациите добиени за време на скринингот. Се однесува на сферите опфатени со овој кластер и дава насоки за идните реформи кои земјава треба да ги спроведе во областа на владеењето на правото, реформите во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и човековите права. Дава насоки како да го зајакне функционирањето на демократските институции и реформата во јавната администрација, со цел исполнување на условите за членство во Унијата.

Извор: ММС.мк

Бојан Маричиќ ЕУ интеграции Извештај на ЕК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.